За да може да се поднесе пресметката за плата за месец Јануари 2019 година, задолжително треба да се преземе најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 31.12.2018 година), преку веб страницата на УЈП (Месечна пресметка на итегрирана наплата).
Пресметката за плата МПИН се доставува преку интернет, на следната е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, пресметките за плата треба да се доставуваат, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата НЕ треба да се праќа повторно преку е-пошта: celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Според УЈП, Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.
Извор: Управа за јавни приходи УЈП
Логин Системи разви апликација за плата што работи како дел од Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central - повеќе има на линкот тука. Алтернативно, може да се пресмета платата со нашиот бесплатен веб калкулатор на линкот www.LoginSystems.biz/plati.