Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход по скратена постапка
Поради потребата од намалување на административниот товар на даночните обврзници и на Управата за јавни приходи, како и унапредување и олеснување на начинот на плаќање на персоналниот данок на доход Министерството за финансии предлага измени на горенаведениот закон.
Целта на Предлог законот е да се олесни начинот на пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход и да се скрати времето за утврдување на годишниот данок на доход.
Временската рамка за изготвување на предлог законот е 03 ноември 2017.
Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлогот на закон и нацрт Извештајот за ПВР: www.finance.gov.mk.