Управата за јавни приходи информира дека врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2022 се следните:
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,8%
Задолжително здравствено осигурување 7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2%
Даночното ослободување за еден месец изнесува 8788 денари. Имено, почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2022 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:
Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 105.456,00 денари.
Даночното намалување при исплата на доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, намесечно ниво во износ од 8.788,00 денари
Важна напомена: Ако се поднесува пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2021 година, или пак се врши исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да се користат стапките на данок на личен доход, стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.
Споредбени табели по години
Корисни линкови и пресметки
💡 За да се подготви МПИН за јануари 2022, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.
💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години
💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata