Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека со новиот софтверски систем „е-Персонален данок на доход“ ќе се овозможи следење во реално време на пресметките и плаќањето на Персоналниот данок на доход за физички лица од аспект на приходите остварени по сите основи, како и подобро планирање на јавните финансии за државните органи, што се планира да се имплементира во јануари 2018 година (по усвојувањето на измените на Законот за персонален данок на доход).
Поедноставни постапки за пријавување и плаќање на персоналниот данок на доход за фирмите и граѓаните:
Поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД);
Издавање на Електронски налог за плаќање на данокот од УЈП;
Намалување на грешките при пресметување и плаќање на персоналниот данок;
Укинување на годишните и месечните извештаи кои исплатувачите ги доставуваат до УЈП;
Издавање на пополнета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од страна на УЈП и потврда на податоците од страна на граѓаните.
Брошурата можете да ја прегледате тука.
Извор: Управа за јавни приходи