Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 101.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи опаѓање од 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.8 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
Производство на текстил,
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди,
Производство на електрична опрема,
Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место,
Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 18.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 39.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, изнесува 103.5.
Извор: Државен завод за статистика