Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2018 година, во однос на ноември 2017 година, изнесува 105.7
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (18.8 %), Рударство и вадење на камен (17.2 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5.7 %), Други услужни дејности (4.9 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (3.2%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2018 година изнесува 36 017 денари.
Извор: Државен завод за статистика
Kako ke ide ovo