Управата за јавни приходи известува дека просечната бруто плата по работник во Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2024 година изнесува 57.609 денари (линк кон Државен завод за статистика: https://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=41).
Просечната бруто плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2024 година.
Најниската основица за пресметка на придонесите за 2024 година изнесува 28.804,00 денари (50% од 57.609.00)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 921.744,00 денари (16 x 57.609,00)
Највисока основица за пресметка на придонесите за 2024 година за самовработено лице изнесува 691.308,00 денари (12 x 57.609,00)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер - МПИН која го содржи новиот параметар. Клиентскиот софтвер може да се преземе и од оваа страница, кликнете подолу.
Извор: Управа за јавни приходи
Корисни линкови и алатка за пресметка на плата
💡 За да се подготви МПИН за јануари 2024, потребно е да се симне најновата верзија на апликацијата од УЈП - линк.
💡 Преглед на придонеси и параметри/износи по месеци може да се видат на страницата Коефициенти за плата по месеци и години
💡 За пресметка на плати, може да се користи Веб калкулаторот за плата на https://www.loginsystems.biz/presmetaj-plata