Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година. Даночните обврзници - физички лица кои се регистрирани на системот „е-Персонален данок“ преку своите кориснички профили може да извршат увид во Годишните даночни пријави за 2018 година.
Крајниот рок за доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година од страна на Управата за јавни приходи до граѓаните е 30.04.2019 година.
Крајниот рок за доставување на претпополнета годишна даночна пријава е 30.04.2019.
Граѓаните имаат можност најдоцна до 31.05.2019 година да ја потврдат или коригираат претпополнетата Годишна даночна пријава. До истекот на крајниот законски рок, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата, односно да ја потврдува или коригира се до истекот на крајниот рок 31.05.2019 година.
По истекот на 31.05.2019, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни.
По истекот на законскиот рок на 01.06.2019 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава - потврдена или коригирана. На 01.06.2019 година, службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави, кои од страна на граѓанинот не се ниту потврдени, ниту коригирани.
Годишната даночна пријава која граѓанинот ја коригигирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на решение за утврдување на персоналниот данок на доход за 2018 година.
Проверка на претпополнетата годишна даночна пријава се прави на линкот тука.
Извор: УЈП
Здраво, имам прашање за годишната и месечната пресметка. Доколку физичко лице зима плата да речеме минимална нето 6500ден (бруто 9349ден) исто така и врши услуги со договор на дело со одредена сума. Дали знаете на кој начин се врши пресметката (бруто или нето). Ме интересира како се смета месечниот лимит од 90000денари доколку зимате плата и воедно (договор на дело (данокот е платен од фирмата) физичкото лице прима нето износ). Исто така дали лимитот за 2018год е 1М денари или 1080000денари? Прашав на неколку места и никако да добијам конкретен одговор. Благодарам однапред