Кратенката ЕРП доаѓа од англискиот израз Enterprise Resource Planning (ERP). ЕРП е категорија на деловно-менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации, кој овозможува на организациите да прибираат, складираат, менаџираат и интерпретираат податоци од различни деловни активности какви што се:
Продажба и маркетинг
магацинско работење
набавки и испораки,
управување со човечки ресурси,
планирање и анализа на производство и
сервис.
Сите овие активности се интегрираат со сметководството и финансиите и претставуваат една интегрирана целина.
Клучното во кратенката ERP е планирањето на ресурсите. Значи, софтверите што се нарекуваат ЕРП освен сметководството, комерцијата и магацинското работење треба да имаат функционалности за работа со ресурси.
Венко Глигоров објаснува повеќе за ЕРП на предавањето деловно сметководствени софтверски системи, наречени ЕРП, во рамките на КПУ обуките за сметководители организирани од економско правен консалтинг ФВ.