Кралската Канадска Униформирана Полиција (анг. Royal Canadian Mounted Police - RCMP) обезбедува полициски услуги на национално ниво во Канада како и овозможува договорни полициски услуги на канадските провинции, територии и општини. Полицијата брои 23.000 вработени.
Предизвиците на Канадската полиција во новиот милениум
На почетокот на милениумот Полицијата се соочува со повеќе предизвици поврзани со финансии и ресурси потребни за премин во новиот милениум. Новиот комесар Џулиано Закардели се обврзува на контуирано подобрување во раководењето на Канадската полиција. Тој има визија Полицијата да биде организација фокусирана на стратегијата до совршенство. Иако има силно лидерство и визија, Закардели има проблем со тоа како да ги усогласи сите оддели на полицијата, да ги распредели на огромна територија од земјата за да ги изведуваат приоритетите од највисокото ниво.
Опишување на стратегијата со Стратешка мапа
Се започнува од тоа да се преведе визијата и мисијата на полицијата („безбедни домови, безбедни заедници“) во нешто пооперативно што ќе може да се разбере на сите нивои и во целата земја.
Проектниот тим составен од сениор-менаџерите од Полицијата, ја креираат стратешката мапа на Високиот Извршен Комитет (анг. Senior Executive Committee ‘SEC’ Strategy Map). Види Слика 1 подолу. Стратешката мапа е алатка за опишување на стратегијата и е дел од методологијата Kaplan/Norton Balanced Scorecard.
Основата на Balanced Scorecard се четирите перспективи кои во зависност од организацијата или нејзиниот карактер (фирма или јавна организација) може да бидат различни. Повеќе за Balanced Scorecard.
Највисоката перспектива кај Канадската полиција е поставена како вредносна понуда за клучните групи што ги опслужува полицијата: (1) агенциите што финансираат, (2) други делови од Владата (домашни и странски), (3) и граѓаните како директни конзументи на полициските услуги.
Така на пример, вредносната понуда за финансирачките агенции е „да бидеме најдобро менаџирана организација во владата“ (анг. „be the best managed organization in government“). Вредносната понуда за локалните партнери е „да се живее со клучните вредности кои не’ прават доверлив партнер“. Овие две стратешки цели (вредносни понуди) се поврзани преку примарната цел: „совршени во модерните полициски услуги“ (анг. „excel at leading-edge policing“).
Перспективата на интерни процеси е изградена врз основа на три стратешки теми и секоја од нив содржи цели што ги поткрепуваат трите столбови на вредносната понуда на Канадската полиција.
Перспективата за Луѓето, учењето и иновациите ја опфаќа важноста од обезбедување на стимулативна и безбедна работна околина за своите вработени која поддржана од современа технологија и лидерски напредок.
Одредување на стратешки приоритети
Срцевината на новата полициска стратегија е поставна во делот на стратешката тема „Интерни операции“ која се опишува со пет сеопфатни приоритети на ниво на цела организација. Овие приоритети ги надминуваат секојдневните полициски активности:
Намалување на опасноста и влијанието на организираниот криминал
Намалување на заканите од терористички напади во Канада и во странство
Превенција и намалување на вовлеченоста на младите во криминалот било како жртви или сторители
Ефективна поддршка на меѓународните операции/активности
Придонес за побезбедни/поздрави заедници на Абориџините
Преведување на стратегијата
За да се разбере секоја од овие пет стратешки приоритети се направи стратешка координација на национално ниво, а Канадската полиција изработува пет „виртуелни стратешки мапи за секој приоритет. Секој од овие приоритети има свои метрики, таргети и иницијативи потребни за да се изведуваат стратешките приоритети. Потоа се задолжуваат сениор-менаџери за секој стратешки приоритет во форма на „шампиони“. Шампионот ги собира на периодични средби соодветните извршители во полицијата за да се збори за напредокот на секој поединечен таргет.
Со вака поставена стратешка мапа и картички на резултати (скоркард, scorecard) на највисоко ниво и со поставени стратешки приоритети, може да се започне со процесот на каскадирање кон локалните единици во полицијата.
Раководење со полицијата во стратешки циклус
Balanced Scorecard како централен дел од менаџментот на Канадската полиција овозможува на Високиот извршен Комитет на полицијата да биде фокусиран на стратешките приоритети знаејќи дека локалните единици се одговорни за изведување на секојдневните задачи. Податоците за стратешките цели се ажурираат на секои 60 денови така што главното раководство е во контакт со тоа како се имплементираат нивните приоритети на терен.
Останати објави на форумот за стратегија во владата и јавните организации
Градење на правосудство во Македонија по примерот на Шкотска
Градот Скопје може да се развива како Американскиот град Шарлот
Останати корисни линкови како подлога за оваа објава:
Оваа објава е обработена врз основа на содржините на книгата Alignment: Using the Balanced Scorecard to Create Corporate Synergies од авторите Dr. Robert Kaplan и Dr. David Norton.
Лајкни ако ти се допаѓа објавата. Коментирај со свој предлог или сугестија подолу. Користи мобилна апликација за побрзо прегледување и читање додека си надвор и во движење. Може и да споделите. Благодарам!
#balancedscorecard #влада #јавниорганизации