Извадок од книгата "Постигнување ДА, преговарање без давање (Getting YES, Negotiations without Giving In)" од авторите Роџер Фишер и Вилијам Јури.
Поучна приказна
Двајца луѓе се расправаат во библиотека (читална). Еден сака да биде прозорецот отворен, а другиот не сака. Тие се убедуваат колку да биде отворен прозорецот, дали половина, дали четвртина или само да биде подотворен. Ниедно решение не ги задоволува двајцата.
Влегува библиотекарот. Тој го прашува едниот кој што сака да биде отворен прозорецот: „Да влегува свеж воздух“, вели. Потоа го прашува другиот зошто сака да биде затворен прозорецот: „За да нема промаја“, вели другиот. После кусо размислување, библиотекарот го отвора ширум прозорецот во соседната просторија за да влегува свеж воздух и да не се прави промаја.
Совет и заклучок од авторите
"Цврстото преговарање за твоите интереси не значи дека ќе се биде блиску до другата страна и нивните погледи. Напротив. Тешко може да се очекува од другата страна да ги слуша твоите интереси и да ги дискутира опциите што ги сугерираш ако не ги земеш во предвид нивните интереси и ако не си отворен за нивните сугестии. Успешните преговори изискуваат да се биде цврст и отворен."
ДАЛИ ОВА ЗВУЧИ ПОЗНАТО И ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ИЗВЛЕЧАТ СОПСТВЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ?
#Менаџмент