Во продолжение е список на клучни поими при формирање на стратегија и нејзино изведување. Покрај секој поим е ставен линк со повеќе информации. На крајот се излистани линкови со примери и дополнителни објаснувања.
Стратегија
Стратегија е план за контролирање и рационално користење на ресурсите (човечки, физички и финансиски) на организацијата со цел да се промовираат и да се заштитат виталните интереси.
ℹ️ Повеќе за стратегија
Визија
Визија е концизен исказ кој ги дефинира среднорочните и долгорочните (од 3 до 10 години) цели на организацијата. Овој исказ го одредува правецот за иднината на организацијата. Одговара на прашањето: „Каде одиме?“
ℹ️ Повеќе за визија
Мисија
Мисија е куса изјава, обично една или две реченици, која дефинира зошто постои организацијата. Мисијата треба да ја опише фундаменталната причина за постоење на еден ентитет (фирма или институција), а особено што тој ентитет им нуди на купувачите и клиентите. Најчесто мисијата дава одговор на прашањето: „Зошто постоиме?“
ℹ️ Повеќе за мисија
Вредности
Вредности се искази на верувања/убедувања, норми на однесување или идеал кој го води начинот на кој организацијата мисли, изведува или реагира на ситуациите.
ℹ️ Повеќе за вредности
Стратешка дестинација
Стратешка дестинација е квантифицирање на визијата. Ако нема бројки во исказот на визијата, тогаш бројките се ставаат во стратешката дестинација.
ℹ️ Повеќе за стратешка дестинација
Стратешка агенда на промени
Стратешка агенда за промени е ефективен начин за одредување, сумаризирање и социјализирање на т.н. Случај за промени. Агендата ги отсликува деловните предизвици што насочуваат кон потребата од промени кај критичните перформансни димензии.
ℹ️ Повеќе за стратешка агенда на промени
Стратешки цели
Ако постојат премногу врвни приоритети, всушност не постојат било какви врвни приоритети. Во врска со стратешките цели важно е дека треба да бидат помалку, приоретизирани, мерливи и да може да се стават во резултатна табела (анг. scorecard).
ℹ️ Повеќе за стратешки цели
Вредносна дупка
Вредносна дупка е финансиска разлика меѓу постоечките и новите/посакуваните перформанси. Тоа е почетна точка во креирањето на стратегијата. Без одредување на големината на вредносната дупка, многу е тешко да се разберат изворите и потребниот степен на подобрување во идното финансиско работење.
ℹ️ Повеќе за вредносна дупка
Стратешка намера
Стратешка намера се дефинира како исказ за тоа каде (да) се движи една организација. Таа подобро открива што сака организацијата да постигне на долги патеки. Стратешката намера има за цел енормно да ја растегне организацијата за да ги постигне очекуваните резултати.
ℹ️ Повеќе за стратешка намера
Стратешки принцип
Стратешки принцип е фраза која тера на акција и е лесна-за-помнење. Таа ја прочистува корпоративната стратегија до нејзината уникатна есенција и може да се комуницира лесно низ организацијата.
ℹ️ Повеќе за стратешки принцип
Стратешки процес
Создавањето на стратегијата и неговата имплементација треба да се земат како еден процес во кој еден сет од активности ги трансформира влезовите во излези. Создавањето на стратегијата тргнува од мисијата на организацијата која ја одредува целта за која постои за своите сопственици и купувачи. Врз основа на мисијата, врвните менаџери на организацијата поставуваат мерливи цели за остварување на визијата на организацијата (за визија види тука).
ℹ️ Повеќе за стратешки процес
Стратешка мапа
Стратешката мапа и’ овозможува на организацијата да ги опише и илустрира целите, иницијативите и таргетите, метриките за да се постигне одредено ниво на перформанси како и врските што се неопходни за стигнување до стратешкото одредиште.
ℹ️ Повеќе за стратешка мапа
Balanced Scorecard
Balanced Scorecard е методологија која им овозможува на менаџерите да го гледаат работењето од четири важни перспективи. Тој дава одговори на четири основни прашања: Како не’ гледаат клиентите? Во кои области треба да се подобриме? Можеме ли во континуитет да се подобруваме и да создаваме вредности? Како изгледаме кај сопствениците и засегнатите страни (гласачи, корисници на услуги)?
ℹ️ Повеќе за Balanced Scorecard
Инфраструктура за креирање и изведба на стратегија
Квалитетни анализи и корисни одлуки за креирање и изведување на победнички стратегии е речиси невозможно без пристап и користење на квалитетни податоци.
Податоците за надворешните фактори организацијата ги прибира од статистичките извештаи за земја или одреден пазар, од стопанските комори и други деловни здруженија како и од програмите на владата и локалната самоуправа. Податоците за внатрешната анализа се земаат од самиот информатички систем во организацијата.
ℹ️ Повеќе за инфраструктура
Листата со поими не е конечна - дополнете ја со поими што мислите дека недостасуваат. ❗️
Корисни линкови со примери:
План за одбрана на Велика Британија со Balanced Scorecard
Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска
Историски показатели или водечки индикатори?
Разлика меѓу креирање и имплементирање на стратегија
Предводење промени во 8 чекори