Повеќето мали и средни бизниси го сметаат сметководството како некоја ретроспективна вежба. Нешто што се случило во минатото и нешто што е поврзано со извештаи за „државата“. Тие најчесто немаат идеја како може сметководството да им ја трасира иднината. Се поставува прашањето дали фирмите имаат потреба од прогнозирање на идните резултати? Секако дека е Да.
Сметководствените прогнози не мора да бидат вежба (или „тимбилдинг“) што се прави еднаш во годината и на годишно ниво. Фирмите може да организираат редовни средби на покус период и да ги прегледуваат буџетите (прогнозите) во однос на остварувањата, да ги ажурираат предвидувањата и да одредуваат насоки на иден развој.
Прогнозирањето им овозможува на фирмите да го гледаат бизнисот на нови начини. Врз основа на „игра“ со различни сценарија може да се согледа како би завршила годината и со тоа да се донесат квалитетни стратешки и оперативни одлуки.
Повеќето добри ЕРП системи имаат вградени алатки за сметководствени прогнози. Подготвувањето на атрактивни и професионални прогнози (буџети) и следењето на нивното остварување е едноставно и интуитивно со ERP системот каков што е Microsoft Dynamics NAV.
Повеќе на темата има на блогот „Буџетирање трошоци и продажни прогнози за фирми и буџетски организации“ ...