Градењето на правосудниот систем на Шкотска е школски пример како се гради и изведува стратегијата за подобар правосуден систем. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе се гради правосудниот систем во Македонија.
Во стратешкиот процес на Шкотска се одредуваат мисијата, визијата, целите, стратегијата и резултатите што се очекуваат од правосудниот систем.
Дефиниција и осврт за стратегија има на линкот https://www.loginsystems.biz/forum/strategija-i-menadzhment/definicija-strategija.
Целиот документ за Шкотска се наоѓа на линкот најдолу во постот
Стратешкиот план за правосудството во Шкотска се изведува преку следниот стратешки процес кој може да биде основа за македонскиот правосуден систем:
Слика: Стратешки процес на Шкотска
Подолу ќе ги разгледаме клучните елементи во стратешкиот процес и план на Шкотска прилагодени на состојбите во Македонија.
1 Мисија.
Мисијата на Шкотска е да се насочат активностите на владата и јавните услуги кон поуспешна земја, со можности за сите во Шкотска да може да напредуваат, преку зголемувањето на одржлив економски раст.
Наместо да се тргнува само од персоналните комбинаторики за судии и обвинители, Македонија е подобро да тргне од уставните одредби и од мисијата на Македонија за забележителен одржлив економски раст.
2 Визија.
За да се постави еден систем, покрај мисијата важно е да се дефинира визијата, односно намерата или правецот во кој ќе се движи Македонија.
Слика: Пример за визија
Во нашиот случај, визијата може да биде „да создадеме правен систем кој позитивно придонесува за просперитетот на Македонија, помагајќи да креираме респектибилно општество во кое сите граѓани и заедници ќе живеат безбедно, ќе се поддржуваат индивидуалните и колективните права и ќе се решаваат несогласувањата на фер начин и со брзи процеси.“
3 Национални интереси.
Правниот систем се поставува да почива на националните интереси, односно резултати што треба правниот систем да ги постигне и такви може да бидат:
Сите ние да живееме обезбедени од секаков криминал, неред и опасности.
Да имаме силни, отпорни и помагачки заедници каде луѓето преземаат одговорност за своите активности и нивното влијание кон другите.
Јавните услуги да се од висок квалитет, постојано да се подобруваат, да се ефикасни и флексибилни на потребите на луѓето.
4 Цели на правниот систем.
Откако ќе се одредат визијата и националните интереси, кои всушност се цели на правниот систем, се пристапува кон одредување на очекуваните резултати на правосудниот систем и истите може да бидат:
Да имаме ниско ниво на криминал
Да имаме ниско ниво на страв, алармантни состојби и стрес
Да уживаме низок ризик од ненамерни штети
Нашите луѓе и заедниците да се поддржуваат и респектираат меѓусебно, применувајќи ги сопствените права и обврски
Да имаме високо ниво на доверба во правните институции и нивните процеси
Јавните услуги да се фер и достапни
Нашите институции и процеси да се ефективни и ефикасни
Јавните услуги да ги почитуваат правата и гласот на корисниците на услугите
5 Приоритети како дел од стратегијата.
Потоа се одредуваат приоритетите за да може да се постигнат побрзо дел од очекуваните резултати. На пример, такви приоритети може да бидат:
Намалување на криминалот, посебно насилниот и сериозниот организиран криминал
Намалување и искоренување на осветата
Справување со криминалот поврзан со говорот на омраза и секташтвото
Подобрување на ефикасноста
Ги поддржуваме жртвите и сведоците
Проширување на достапот на правдата и напредни реформи во законите
Намалување на разорното влијание на дрогите и алкохолните проблеми
Намалување на штетите од пожари и другите итни случаи
Зголемување на јавната доверба и намалување на стравот од криминал
Засилување на вклученоста на заедниците и нивната отпорност
Трансформација на цивилната и административната правда
6 Методи и пристапи како дел од изведбата.
Од приоритетите треба да произлезат и методите и пристапите во градењето на системот. Врз основа на овие методи и пристапи треба да се изработат оперативните планови кои ќе ги реализираат зацртаните приоритети и ќе бидат компатибилни со правецот кон кои сакаме да се движи Македонија. Во методите и плановите треба да ги опфатат спецификите на Македонија, како што се човечките ресурси и нивната расположивост, појдовната основа и рецидивите, како и буџетот за нивната изведба.
Постигнати резултати со стратегија
Со ваквиот стратешки план Шкотска има голем напредок во клучните полиња и барања на граѓаните. При редовните мерења на правосудниот систем, Шкотска го намалува криминалот, ја прави земјата побезбедна и создава услови за квалитетен и подобар живот за сите.
Слика: Реализирани и очекувани резултати
Трансформирањето на правосудниот систем во Шкотска под раководство на нивната влада се одвивал во соработка со сите чинители во јавниот сектор, бизнисите, здруѓенијата и индивидуите. За нив било важно владеењето на правото и заштитата на заедницата не само како поддршка на растењето на економијата туку и како неопходност дека луѓето ќе имаат продуктивни животи во сигурни и безбедни заедници.
Придобивки за Македонија
Секако дека процесот на воспоставување на правосуден систем не е едноставна работа. Но исто така не е сложена работа ако се прави врз основа на визија, темели (принципи и вредности), и стратегија кои потоа се преточуваат во добар стратешки и оперативни планови за изведба. Горенаведените предлози се само примери кои треба да побудат идеи и развијат реални стратешки елементи врз основа на кои ќе се гради правосудниот систем во Македонија.
Еднаква правда за сите е неопходност и за приврзаниците на новата опозиција за да им се овозможи и тие да ги користат придобивките на реформираното судство.
Стратегијата за правда на Шкотска може да се преземе на линкот тука ...
Документот се наоѓа и на веб страницата на Шкотската влада на www.scotland.gov.uk.
Повеќе за правда има на http://www.gov.scot/Topics/Justice/justicestrategy.
Повеќе постови на Венко Глигоров на форумот има на линкот https://www.loginsystems.biz/members/venko-gligorov/forum-posts.
Кликни лајк или сподели го постот ако ти се допадна. Тенкс.
#Стратегија #Менаџмент
На линкот https://www.loginsystems.biz/forum/strategija-i-menadzhment/plan-za-odbrana-na-velika-britanija-so-balanced-scorecard е даден осврт на планот за одбрана на Велика Британија со помош на Kaplan/Norton Balanced Scorecard.