Стратешка намера во менаџментот се дефинира како исказ за тоа каде се движи една организација и подобро открива што сака организацијата да постигне на долги патеки. Стратешката намера има за цел енормно да ја растегне организацијата за да ги постигне очекуваните резултати. Постоечките способности и ресурси нема да се доволни со новата стратешка намера. Тоа ја тера организацијата да биде поинвентивна, да ги искористува максимално своите ресурси.
За разлика од традиционалниот поглед кон стратегијата кој се фокусира на нивото на соодветствување меѓу постоечките ресурси и моменталните можности, “стратешката намера” создава екстремно несоодветствување помеѓу ресурсите и амбииците.
Врвниот менаџмент со тоа ја предизвикува организацијата да ја исполни разликата помеѓу ресурсите и можностите преку систематско градење на нови предности.
Карактеристиките на стратешката намера се:
Ја објаснува суштината на победата
Стратешката намера е стабилна со текот на времето
Поставува цел (таргет) кој заслужува лично залагање и посветеност
За стратешката намера за прв пат пишуваат Gary Hamel и C.K. Prahalad пред 25 години, а потоа и во Harvard Business Review во 2005. Тие даваат примери со продорот на јапонските производители на пазарот во САД, а посебно ги обработуваат Canon (во конкуренција со Xerox) и Komatsu (во конкуренција со Caterpillar).
( *** анг. Strategic Intent implies a sizable stretch for an organization. Current capabilities and resources will not suffice. This forces the organization to be more inventive, to make the most of limited resources. Whereas the traditional view of strategy focuses on the degree of fit between existing resources and current opportunities, strategic intent creates an extreme misfit between resources and ambitions. Top management then challenges the organization to close the gap by systematically building new advantages. *** )