Задолжителна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV
Книжењето во Dynamics NAV се изведува директно од самите документи какви што се продажна или набавна фактура, приемница, преносница, испратница и сл. Другите книжења се прават преку таканаречени журнали или дневници.
Со самото одложување на документот во книгата на документи (фактури, испратници, благајни), автоматски се прави книжење во главната книга. Тоа значи дека еден искнижен документ одговара на еден налог за книжење. Бројот на искнижениот документ е виртуелно бројот на налогот за книжење.
Сметководствен систем базирана на ERP
Сепак, некои книговодители имаат потреба од групирање на еден или повеќе искнижени документи во налог за книжење кој ќе има посебен број. Во македонската локализација на Dynamics NAV и во надополнувањата на Логин Системи може да се користи налогот за книжење на два начина: првиот е кога ќе се книжи документот, во рамката за дијалог да се стави бројот на налогот за книжење. Вториот начин е со користење на Дневник на документи.
Изведбата на налогот за книжење овозможува прегледен приказ на сите конта на кои се регистрирани трансакции при книжење на соодветниот документ или група од документи.
Изглед на заглавие и ставки на налог за книжење
Броевите на налозите за книжење може да бидат последователни за книжење на било кој документ или да бидат посебни броеви за различни типови на документи (групи), што на корисникот му овозможува организирано водење и чување на документите, и полесно ракување со истите во случај на ревизија, инспекции и сл.
Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.
Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)
Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.
Microsoft Dynamics NAV 2017 е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.
Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
Comments