Почетните екрани и главните менија на програмите за сметководство и деловно работење откриваат многу за самиот начин на работа со овие програми.
За да помогнеме на корисниците во нивната одлука за нов сметководствен програм, ги издвојуваме и прикажуваме главните екрани на програмите од Даталаб, Инфо-Биро, Зонел и Microsoft Dynamics NAV (со Логин Системи).
За разлика од Dynamics NAV кој може да се подесува и од Логин Системи но и од самиот корисник, другите програми имаат фиксен главен екран. Подесувањето на главниот екран и другите делови од апликацијата е важно за продуктивноста на вработените како и за сигурноста на податоците. Со прикажувањето на соодветните податоци, вработениот на Dynamics NAV се фокусира директно на работата од својот делокруг и при тоа не му се овозможува да „лута“ по другите податоци од фирмата или организацијата.
Да ги погледнеме во продолжение главните екрани преземени од нивните веб сајтови.
Даталаб Pantheon
Главниот екран на пакетот Пантеон од Даталаб го земавме од нивно видео на корисничкиот дел на нивниот веб сајт. Колку што можеме да забележиме, менито е фиксно и има само хоризонтално мени.
Слика 1: Главен екран на Пантеон (преземено од корисничкиот дел на нивниот сајт на 28.04.2018 - линк тука)
Зонел Helix
Екранот на главното мени на програмот Helix од Зонел го грабувавме од нивото видео на Youtube.
Слика 2: Главен екран на Хеликс (преземено од Youtube каналот на фирмата Зонел на 30.04.2018 - линк тука)
Инфо-биро CFMA
На наредната слика е прикажано главното мени од делот за материјално работење на програмата CFMA од Инфо-биро. Програмот на Инфо-биро има и алатник (рибон) и мени за навигација од левата страна - наместо само хоризонтално мени како што имаат програмите на Даталаб и Зонел.
Слика 3: Главен екран на CFMA од Инфо-биро (преземено од Фејсбук страницата на Инфо-биро на 30.04.2018 - линк тука)
Логин Системи и Microsoft Dynamics NAV
Microsoft Dynamics NAV се прилагодува на ролјата што ја има корисникот. Во системот се предефинирани преку 20 ролји (види линк), а може да се дефинираат многу повеќе. Покрај главниот екран, сите други менија и команди се прилагодени на соодветната ролја. Карактеристично е тоа што и самиот корисник може да ги менува полињата од страниците и командите во менијата.
Во продолжение се прикажани три различни главни екрани за ролјите „бизнис менаџер“, „сметководител“ и „менаџер за човечки ресурси“.
Слика 4 (галерија): Главен екран за бизнис менаџер, сметководител и менаџер за човечки ресурси - повеќе за Dynamics NAV тука)
Повеќе други споредби:
Ако сакате да презентирате некој друг сметководствен програм, топло препорачуваме и ве охрабруваме да го сторите тоа во коментарот на овој пост.
Напомена: Во презентирањето на другите програми и компании се водевме од начелото за фер претставување и наведување на изворот од каде сме ги презеле податоците. Ако горенаведените компании имаат подобри слики или имаат понови верзии од претставените, со задоволство ќе ги објавиме ако ни се обратат. Алтернативно, може екраните да се постават во коментар директно на овој пост.
Comentarios