top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

функционалности

блог

Пред фактите и боговите молчат. Споредба на сметководствени програми во Македонија.

За да ја олесниме одлуката на купувачите при инвестирањето во програм за сметководство и деловно работење, анализиравме четири софтверски...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Пред фактите и боговите молчат. Споредба на сметководствени програми во Македонија.

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

MakasIT.gif

За да ја олесниме одлуката на купувачите при инвестирањето во програм за сметководство и деловно работење, анализиравме четири софтверски решенија од производители што се присутни на македонскиот пазар (Datalab, Зонел, Инфо-биро и Microsoft со имплементација и одржување од Логин Системи).




За потребите на овој блог-пост ги одбравме производите за кои има доволно јавни податоци на Интернет и за кои има информации за изборот на параметри и карактеристики (подолу се прикажани во листа). Иако Dynamics NAV е производ на Microsoft, тој е прилагоден за работа во Македонија и дополнет со многу корисни опции од страна на Логин Системи - затоа во графата на производител се наоѓа и Логин Системи.


Листа на производители/провајдери и нивните решенија што се предмет на споредба
Листа на производители/провајдери и нивните решенија што се предмет на споредба

Битно е да се одбележи дека во насловот на некои од програмите стои дека се ЕРП (ERP) системи, но не сите софтвери целосно ги задоволуваат критериумите за оваа категорија. За да се одреди некој софтвер дека е ЕРП систем треба да задоволува најмалку еден критериум - да има ентитет што се нарекува „Ресурс“ во самиот програм. Повеќе за карактеристиките за ЕРП решенијата има на блог постот „Дали има Ресурси за да се вика ЕРП софтвер?“.


При споредбата на софтверите ги одбравме следните параметри и карактеристики на истите:


  • Популарност во користење. Овој параметар ја покажува општата прифатеност на решението во Македонија и во светски рамки. Бројот на корисници уверува во вграденото знаење во самото решение и во стабилноста на производот и услугите.


  • Распространетост во свет. Во услови на глобален пазар и можноста на македонските компании да освојуваат нови пазари и отвораат претставништва, софтверот овозможува сите вработени во различните делови од светот да користат едно единствено решение за сметководство и деловно работење.


  • Употреба на говорни јазици. Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм.


  • Уреди за користење и оперативни системи. Мобилноста на дел од вработените и менаџерите изискува тие да го користат програмот на уреди, места и во време кое најмногу им одговара.


  • Цени за месечно користење. На крајот се' се сведува на обемот на инвестиција и издатоци за одржување наспроти придобивките кои се добиваат изразени во пари и/или добиени зделки или на намалени трошоци на работење. Месечното одржување се покажува како атрактивна понуда на компаниите да ја избегнат почетната инвестиција или да ја сведат на минимум.


Овој блог е отворен за информации од други производители и истите може да се споделат во коментари подолу во постот. Во случај да има понови податоци за горенаведените фирми со задоволство може да ги ставиме во овој пост за да се има поточна претстава во споредбите.


1

Популарност во користење


Популарноста се мери со број на фирми и организации што го користат решението.


Број на фирми-корисници на прогрaми за сметководство и деловно работење
Број на фирми-корисници на прогрaми за сметководство и деловно работење

Со преку 160.000 фирми и организации, Dynamics NAV е убедливо најпопуларниот сметководствен софтвер во однос на другите фирми.


Исто така се мери и бројот на лиценци кои се во употреба - број на лиценци укажува на тоа колку вработени го користат соодветното решение.


Број на лиценци во секојдневна употреба на прогрaми за сметководство и деловно работење
Број на лиценци во секојдневна употреба на прогрaми за сметководство и деловно работење

Dynamics NAV има преку 2.7 милиони корисници во светот и оваа бројка е убедливо подобра од другите. Бидејќи не се гледа добро на графикот погоре, програмот Хеликс има 5100 лиценци, а CFMA на Инфо-биро има 2500 лиценци. Бројот на лиценци за Хеликс и ЦФМА се претпоставени бројки бидејќи на нивните сајтови не пишува кој е нивниот точен број.



2

Распространетост во светот


Во услови на глобален пазар и можноста на македонските компании да освојуваат нови пазари и отвораат претставништва, софтверот овозможува сите вработени во различните делови од светот да користат едно единствено решение за сметководство и деловно работење.

Број на земји кадешто се користи софтверот
Број на земји кадешто се користи софтверот

Dynamics NAV се користи во 195 земји во светот - речиси сите.


3

Употреба на говорни јазици


Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм.


Употреба на говорни јазици
Употреба на говорни јазици

4

Уреди за користење


Во денешно време, работа на мобилни уреди не е убаво-да-се-има туку е една од приоритетните работи. Со мобилните уреди менаџерите и вработените може да прегледуваат состојби на конта, залихи или купувачи/добавувачи, да испраќаат извештаи, да одобруваат документи. Секако дека може и процесираат продажни порачки на лице место од кај купувачите.


Различни уреди за користење
Различни уреди за користење

Microsoft Dynamics NAV е единствениот програм од групата на програми што се споредуваат што има решение за мобилен телефон. Погледнете го видеото подолу ...


Видео: Работа со Dynamics NAV на мобилен телефон


Во оваа категорија Dynamics NAV покажува надмоќ во однос на конкуренцијата.


5

Цени за месечно користење


Од горенаведените софтвери во моментот имаме само информација за месечно користење на Datalab Pantheon и Microsoft Dynamics NAV. Споредбата на цените се прави за приближно исти функционалности - сепак Dynamics NAV е многу побогат со алатки и функционалности, има многу повеќе конфор во работата и многу поквалитетна/посеопфатна изработка на модулите. Исто така Dynamics NAV работи на многу повеќе разновидни уреди и оперативни системи.


Цени за месечно користење на софтверот
Цени за месечно користење на софтверот

Цените се изразени во денари и не е вклучен данокот на додадена вредност (ДДВ). Извор за цените: веб сајт на Datalab Pantheon, веб сајт на Логин Системи за Microsoft Dynamics NAV.


Покрај цените на лиценците, можни се дополнителни издатоци за пуштање во функција на системот, дополнителни кастомизации, мигрирање на податоците и одржување на решението.


Рекапитулар


Споредбите покажуваат дека Microsoft Dynamics NAV е најсеопфатен и најраспространет софтверски пакет за сметководство и деловно работење (ERP). Тој е квалитетен производ кој е прилагоден на македонските закони и прописи. Македонскиоте корисници имаат повеќе од 10 години искуство во работата со Microsoft Dynamics NAV.


Рекапитулар на софтверите според параметрите од интерес
Рекапитулар на софтверите според параметрите од интерес

Како што може да се увиди, Dynamics NAV е победник во сите категории, а во цените е конкурентен со другиот софтвер што нуди месечна претплата.


Факти за Microsoft Dynamics NAV
Факти за Microsoft Dynamics NAV



Прегледај ги другите споредби на сметководствените програми:

Ако некој сака да презентира друг сметководствен програм, топло препорачуваме и го охрабруваме да го стори тоа во коментарот на овој пост.

Напомена: Во презентирањето на другите програми и компании се водевме од начелото за фер претставување и наведување на изворот од каде сме ги презеле податоците. Ако горенаведените компании имаат подобри слики или имаат понови верзии од претставените, со задоволство ќе ги објавиме ако ни се обратат. Алтернативно, може екраните да се постават во коментар директно на овој пост.


###


Извори и повеќе информации за производителите/провајдерите:

  • Microsoft www.microsoft.com

  • Логин Системи www.LoginSystems.biz

  • Даталаб www.datalab.com.mk

  • Зонел www.zonel.com.mk

  • Инфо-биро www.infobiro.com.mk



0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page