top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

25 години Логин Системи

Скопје, 01.11.2016. Денес, точно пред 25 години започна првиот работен ден за Логин Системи, македонска компанија за креирање и одржување...

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

MakasIT.gif


Скопје, 01.11.2016. Денес, точно пред 25 години започна првиот работен ден за Логин Системи, македонска компанија за креирање и одржување на деловни ЕРП решенија базирани на Microsoft Dynamics NAV (НАВ). Во Логин Системи работат професионалци со богато информатичко и бизнис искуство, а сопственичката структура се состои од две индивидуални лица и американскиот инвестициски фонд SEAF.

„Започнавме како компјутерска училница за обучување на DOS, Windows, Word и Excel - беше прва од таков вид во Македонија. Освен обуката за возрасни и деца, изработувавме софтвер за сметководство и магацинско работење кој го користеа неколку десетици фирми во 90тите.“ се присетува Венко Глигоров, основач, содружник и генерален менаџер во Логин Системи. „Во втората половина на 90тите години ги поврзавме сите банки и Народната банка во еден систем за аукција на депозити. Пред појавувањето на Интернет во Македонија, направивме Инфо-изводи, систем и апликација за организациите за компјутерско преземање на изводи од Заводот за платен промет - овој сервис и апликација го користеа 300 најголеми и најуспешни фирми во Македонија. Инфо-изводи беше претставено на сајтот на Microsoft како иновативно решение рамо до рамо со неколку други меѓународни финансиски институции.“

Првата декада од 21виот век Логин Системи прерасна во водечки регионален дистрибутер на брендови како што се Microsoft, HP, EMC, Nortel, Cisco Systems, Canon и редица други светски лидери во својата област. Како дополнување на дистрибуцијата во Македонија, Косово и Албанија, Логин Системи обезбедуваше услуги на сервис за HP, беше кол центар на Microsoft, поставуваше серверски системи базирани на Windows Server, SQL Server како и вршеше имплементирање на ERP системи базирани на Dynamics NAV.


Благодарение на напорната работа и успешните резултати, Логин Системи влезе во групата на ТОП200 најголеми компании во Македонија во 2004та, а 2009та година беше прогласена за Супер бренд во Македонија.

„Благодарни сме на сите кои работеле, соработувале и помагале во Логин Системи. Без сите овие лица Логин Системи немаше да биде тоа што е денес.“ кажува Венко Глигоров. „Нивниот придонес на некој начин го овековечуваме во галеријата од слики што ја поставивме на нашата веб страница на линкот www.loginsystems.biz/25-godini.“

Покрај деловните активности, Логин Системи е активен учесник во општествените активности и како таква беше иницијатор за укинување на царините и намалување на данокот за софтвер, а подоцна и за компјутерите. Менаџментот на Логин Системи е иницијатор и основач на асоцијацијата МАСИТ во 2000 година, го даде де-факто првото претседателско место во Сојузот на Стопански комори (2004) и иницијатор и основач на меѓународната невладина организација Македонија 2025.

„Се присетуваме на минатите години, учиме од грешките, се засилуваме од успесите, а сега е моментот да мислиме на иднината ... на идните 25 години“ завршува Венко Глигоров. „Нашата мисија е да ги опремиме фирмите и организациите со софтверски ЕРП решенија и balanced scorecard ... да бидеме секогаш лидери во тоа што го работиме“.


Венко Глигоров, Мимоза Глигорова, Лусија Бошку, Евгенија Ѓорѓиева

0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page