top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

блог

4 слоеви при набавка на нов софтвер за сметководство и деловно работење

Кога се набавува нов софтвер за сметководство и деловно работење, вообичаено прво прашање што го поставуваат заинтересираните фирми е...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

4 слоеви при набавка на нов софтвер за сметководство и деловно работење

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

Бесплатна пресметка на плата за 2024 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

MakasIT.gif

Набавка на нов софтвер за сметководство и деловно работење


Кога се набавува нов софтвер за сметководство и деловно работење, вообичаено прво прашање што го поставуваат заинтересираните фирми е колку пари чини. Ова е секако важен параметар во одлуката, но не е најдобриот приод при набавката.


Колку пари чини ЕРП систем? Најчесто прво прашање ...

Најправилно би било да се почне од листа на потреби и-или техничка спецификација. Тоа е најчесто документ кој дава слика за постоечката ситуација, за визијата и плановите за развој на фирмата и што се очекува од новиот софтвер, областите кадешто постоечкиот софтвер не ги задоволува барањата, и секако буџетот за инвестиција. Од искуство знаеме дека најлош приод е "сакам се'" и "веднаш" - и обично тоа се бара за мали пари.


Износот на инвестицијата во нов софтвер за сметководство и деловно работење (ЕРП) ја одредуваат повеќето слоеви на додадена вредност прикажани на сликата за додадени вредности. Кусо кажано, постојат два типа лиценци и два типа на услуги.


За да може да се користи Dynamics NAV, фирмата треба да набави лиценци за пристап и користење. Бидејќи Логин Системи го прошири Dynamics NAV со македонска локализација за да може да се користи во Македонија - потребно е да се набави лиценца за локализација и надополнувања.


Лиценците и софтверот за сметководство се инсталираат и прилагодуваат на потребите на фирмата-корисник. Тука спаѓаат и услуги за едукација за користење на ЕРП решението. Софтверот Dynamics NAV може да работи на сервер во самата фирма или да работи во клауд - и во двата случаи корисникот избора пакет за одржување кој го осигурува дека ако има застои во работата, Логин Системи ќе биде на готовс за поддршка.


Да ги проследиме подетално четирите слоеви (заради поедноставување на блогот, Dynamics NAV го сметаме како еден слој иако има стандарден и напреден пакет) од Dynamics NAV.



1

Лиценци за Microsoft Dynamics NAV


Лиценци за Microsoft Dynamics NAV
Лиценци за Microsoft Dynamics NAV

Системот за сметководство и деловно работење,  Microsoft Dynamics NAV, доаѓа во две пакувања: стандардно и напредно (или Starter Pack и Extended Pack следователно). Некои корисници имаат потреба само од Starter Pack, а некои корисници имаат потреба од стандардните функционалности плус производство, сервис и други напредни опции и затоа покрај Starter Pack се одлучуваат и на Extended Pack.


За да може да се пристапи на функционалностите од Dynamics NAV, корисникот може да ги набави клиентските лиценци или да се претплати на клиентски лиценци по пат на месечна претплата (рентање). Моделот на рентање вклучува три вида на лиценци – SAL (Subscriber Access License – лиценца за пристап по пат на претплата).

ВАЖНА НАПОМЕНА Dynamics NAV вклучува една бесплатна лиценца за надворешното сметководство (ако фирмата има надворешно сметководство) за потребите на ревизијата или дополнителните сметководствени услуги. Исто така во Dynamics NAV е вклучена и една бесплатна лиценца за имплементаторот - фирмата која го поставува и одржува решението кај корисникот и во конкретниот случај тоа е Логин Системи.


Цени за лиценците се прикажани на линкот тука ...



2

Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи


Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи
Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи

Секоја земја има свои прописи и правила за водење на сметководството, финансиите, магацинското работење и соодветните извештаи према службите во Управата за јавни приходи и други државни органи. Логин Системи ги разви сите неопходни работи поврзани со книжењето какви што се налози за книжење, црвено сторно и ограничување на страната на контата.


Покрај македонската локализација, Логин Системи разви дополнителни модули и функционалности за да го комплетира системот Dynamics NAV за потребите на македонските организации. Овие надополнувања го олеснуваат или забрзуваат работењето со NAV во сегменти како што се платите, договорите со вработени, компензација, ситен инвентар, службени патувања, каматни листи или малопродажба.


Цени за пакетите за македонска локализација се прикажани на линкот тука ...



3

Имплементирање и пуштање во употреба


Имплементирање на решение и пуштање во употреба
Имплементирање на решение и пуштање во употреба

За да може да се користи системот, потребно е да се изведат активности кои ќе ја поврзат инфраструктурата, Dynamics NAV, македонската локализација и надополнувањата во една целина. Исто така е задолжително да се стават почетните состојби на контатата, кај купувачите и добавувачите, статус на основните средства и ситниот инвентар, листата на вработени и залихите. Покрај ова, Логин Системи ги обликува најосновните документи на организацијата какви што се продажба фактура, набавна фактура, приемници, испратници и издатници.


Имплементирање на ЕРП системот вклучува услуги на планирање, дизајн, развој, поставување, документирање на изработката и обука на решението.


Листата на услуги при имплементирање се прикажани на линкот тука ...


4

Хостирање и одржување


Хостирање и одржување
Хостирање и одржување

Под одржување спаѓаат сите исправки и корекции од страна на  Microsoft за Dynamics NAV како и услугите на одржување на целосниот систем од страна на стручниот тим на Логин Системи. Договорот за одржување ги обезбедува корисниците дека ако се јави проблем од било која природа поврзана со Dynamics NAV, Логин Системи ќе почне да работи на решавање на проблемот во рок од еден работен ден. За различните барања на корисниците Логин Системи нуди различни нивои на сервисни услуги.


Листата на услуги за хостирање и одржување се прикажани на линкот тука ...



Правење понуда


Правењето понуда за ЕРП систем, освен ако не е барање од мала фирма со стандардни функционалности, е процес во кој активно учество зема заинтересираната фирма и Логин Системи. Ако инпутот е добар, понудата ќе биде добро подготвена за да ги задоволи барањата на фирмата.


Златно правило: Колку постандардно, толку поефтино. Или, стартувај стандардно, а потоа надградувај прво најнеопходното.


Корисни линкови


На следните линкови може да се добијат повеќе информации и да се оствари контакт со Логин Системи.


0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page