top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

1

информација

функционалности

MSDyn365

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Логин Системи изработи автоматско преземање на девизни курсеви од Народната банка за подобрување на Business Central во Македонија.

пишува:

Angel Face

Автор

26.07.2024

Notebook and Fountain Pen

категории

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Логин Системи ја изработи функционалноста за автоматско преземање на курсевите од Народната банка на Македонија како дел од активностите на Логин Системи за подобрување на Business Central за македонските корисници. Оваа функционалност работи на верзијата Business Central 2024 wave 1 (уште позната како Business Central 24) според најновиот метод што го нуди Народната банка (www.nbrm.mk).


Како што е познато, при секоја трансакција со странски купувач, добавувач или банка, Business Central пребарува да најде кој е девизниот курс за да може транскацијата да се заведе во главната книга во локална валута, денари. Ако не се внесуваат редовно девизните курсеви, Business Central ќе го земе курсот што е најблиску до датумот на трансакцијата. Затоа е важно девизните курсеви да се забележуваат во Business Central на редовна основа, секој ден. 



Листа на валути во Business Central
Листа на валути во Business Central


Наместо како досега да се внесуваат девизните курсеви рачно, корисниците на Business Central ќе може да ги ажурираат девизните курсеви автоматски или полуавтоматски директно од веб сервисот на Народната банка.


  • Автоматско преземање се прави кога ќе се подеси процедурата да се стартува секој ден наутро. Во такви случаи, самиот Business Central се обраќа до Народна банка и ги презема девизните курсеви.

  • Полуавтоматско преземање е кога ќе се стартува командата „ажурирај курсеви“ што се наоѓа во листата на валути во Business Central.    


Корисникот може да внесува произволен број на валути со кои работи, а ќе се ажурираат девизните курсеви само на оние валути кои Народната банка ги ажурира во својот веб сервис.


Функционалноста за автоматско преземање на девизни курсеви е дел од македонската локализација на Business Central изработена од Логин Системи.


Повеќе за локализацијата има на https://www.loginsystems.biz/lokalizacija-nadopolnuvanja-mk.


Comments


Поврзани производи и услуги

Product LS

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page