Скопје, 17.05.2017. Денес, Логин Системи, имплементаторот за ERP и CRM решенија, го објавува решението за Customer Relationship Management („CRM“) наменето за трговски компании и услужни организации базирано на светскиот ERP лидер за мали и средни претпријатија („МСП“) - Microsoft Dynamics NAV 2017.
За 145 евра месечно плус ДДВ, максимално пет продажни/маркетинг лица ќе може да користат CRM за придобивање на нови купувачи и задржување на постоечките. Месечната услуга се состои од 5 лиценци за Dynamics NAV, хостирање на решението во „облак“ (анг. cloud) и месечно одржување и поддршка со вклучени 2 часа работа на инженерите на Логин Системи за максимално 4 инциденти во текот на месецот.
За да може да ги користи CRM услугите, компанијата иницијално треба да издвои еднократен износ од 495 евра плус ДДВ за припрема на серверскиот дел, подесување на шифрарниците, вчитување на почетните листи на купувачи, артикли со цени и контен план, изработка на урнек на компаниска понуда и кастомизација од Логин Системи за поголема функционалност и адаптација на Microsoft Dynamics за македонски услови. Во оваа цена е вклучена и обука на 5 лица во траење од 4 часа.
„Подолго време ги анализиравме потребите на компаниите и заклучивме дека е потребно воведување на решение по принципот клуч-на-рака кое ќе биде пристапно за поширок круг на бизниси и ќе биде флексибилно за надоградба“, изјави Венко Глигоров, главен проектен менаџер за Dynamics NAV. „Нашето решение за CRM содржи компоненти за лесен премин во ERP системот Microsoft Dynamics NAV“.
Договорот за месечната претплата за Microsoft Dynamics NAV може да се раскине во било кое време без надомест и ќе биде на сила од наредниот месец. Корисникот на CRM-решението ќе може да зголемува и намалува број на лиценци од месец во месец согласно потребите.
Софтверот за CRM ги автоматизира процесите во продажбата и маркетингот на една компанија. Тој се базира на листа од контакти при што активностите поврзани со контактите се забележуваат во интеракции, размена на документи, работни задачи и состаноци. Важна компонента од решението е водењето на зделки во фази од продажниот циклус и изработката на понуди. CRM ја подобрува тимската работа помеѓу маркетингот и продажбата. Тој дава појасна слика за минатите успеси (и неуспеси), продуктивноста и ефикасноста на тимовите и поединците во работата со купувачите и потенцијалните купувачи - проспекти.
Решението за CRM во NAV ги содржи модулите прикажани на сликата подолу.
Развојниот тим на Логин Системи го надополни решението со можности кои се бараат од македонските стопанственици и менаџери.
Користење на CRM може да се прави со персонален компјутер или лаптоп со Micosoft Windows, мобилни телефони и таблети со оперативни системи Android, iOS (iPhone или iPad) и Windows Phone. Оние што поседуаат Apple Macbook, CRM може да се користи преку web услугата со web прелистувач.
Повеќе информации за CRM има на линкот тука ...
Comments