Скопје, 02.09.2018. На последната конференција на Microsoft, Inspire 2018 во Лас Вегас, Microsoft потврдува дека новата верзија Microsoft Dynamics NAV 2019 ќе се вика Microsoft Dynamics 365 Business Central On-premise. Со оваа измена бренд-називот Dynamics NAV оди во историјата.
Од октомври оваа година новите и постоечките корисници ќе имаат можност да избираат верзија на имплементација на Business Central за облак (cloud), за свои сервери (on-premises) или хостирана (hosted). Освен името, нема да има други измени во начинот на работа на Dynamics 365 Business Central On-premises во однос на Dynamics NAV со исклучок на некои битни измени во подобрениот веб интерфејс.
На сликата подолу е прикажан патоказот на развој на Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central.
Постоечките корисници Dynamics NAV нема да почуствуваат некаква разлика во начинот на надградба на системот како што тоа го правеле до сега. Тоа што е важно да се истакне е дека надградбите на Business Central ќе одат два пати годишно наместо како до сега еднаш годишно. Надградбите ќе се прават во април и во октомври и за двете едиции, облак и on-premises. Измеѓу овие месеци ќе има месечни кумулативни исправки на програмскиот код.
Dynamics 365 Business Central нуди подобрено корисничко искуство, а резиме од новостите може да се видат на линкот Summary of what's new in Dynamics 365 Business Central.
Логин Системи редовно се подготвува на новостите од Microsoft во делот од бизнис апликациите и ги прилагодува истите со македонска локализација.
Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV - бизнис сегмент кој го работи од 2002ра година до денес.
Komentar