Како дел од Македонската локализација на Microsoft Dynamics NAV, Логин Системи изработи нови финансиски извештаи или ги подобри постоечките што доаѓаат заедно со Dynamics NAV.
Извештајот Бруто биланс (заклучен лист) содржи колони за почетната состојба, промет во дадениот период, колона за почетна состојба + промет, салдо во Должи и Побарува, како и колона за “пребиено“ крајно салдо на контата.
Аналитичките картички за конто, купувач и добавувач се направени да одговараат на барањата на финансиските менаџери во македонските фирми (стандардните картички не содржат разграничување на износите во колони за Должи и Побарува, како и други важни информации).
Логин Системи изработи и девизни картички за странски добавувачи и купувачи, со комбиниран приказ на износите и во локална и во странска валута.
Нови извештаи се извештајот за деловен партнер и извештајот за вработен. Првиот извештај ги дава заедничките информации за деловен партнер ако се јавува како купувач и како добавувач. Вториот извештај дава интегрални податоци за вработениот за каса-прими, каса-исплати, ситен инвентар, плата (ако се книжи платата по вработен) и сите други трансакции евидентирани во главната книга, а поврзани со самиот вработен
Повеќе за македонската локализација и надополнувањата има на страната „Македонска локализација и надополнувања“.
Comments