Изведба на компензација во Dynamics NAV се прави преку пополнување на дневникот за плаќања. Во овој дневник се ставаат неплатените фактури од двете договорни страни и потоа се искнижуваат. Бидејќи се изведува „рачно“ овој процес може да земе многу време за изведба, а можностите за грешки или превиди се големи.
Затоа Логин Системи креираше функционалност за креирање, печатење и книжење на компензации. Оваа функционалност е составен дел од Македонската локализација.
Поврзување на купувач и добавувач
Прво е потребно да се поврзе фирмата-купувач со истата фирма, но во улога на добавувач. Оваа операција обично се прави при самото креирање на купувач или добавувач. Во екранот за компензации се става бројот на купувач или бројот на добавувач и модулот автоматски ги дава отворените фактури од едната и другата страна.
Креирање на предлог на компензација
Потоа во дневникот за плаќања, се избира пакетот за компензација и се избира „Предложи компензација“.
Печатење на компензација
Модулот овозможува и печатење на документ – Договор / изјава за пребивање / компензација и потоа нејзино испраќање до организацијата со која се прави компензација.
Печатење на компензација
Откако се добие потпишан документ, книжењето на компензацијата се прави на ист начин како и другите дневници.
Comments