Скопје, 27.09.2020. Логин Системи организираше обновување и бојадисување на фасадата на трговскиот центар Техника во Карпош 3, Скопје. Оваа активност е дел од општествената одговорност на Логин Системи за подобра околина и заедничка активност со соседите.
„Неодамна отворивме канцеларија во трговскиот центар и сакавме да организираме мала свечаност за пријатели, соработници и сопственици на деловен простор во центарот“, изјави Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „Поради короната, решивме коктелот да го замениме со обновување на фасадата. Нека биде ова наш придонес кон заедницата и општината“.
Изведувач на работите беше фирмата „Добар Поглед“. На акцијата се приклучи со свој прилог и ресторанот „Срна“.
„Молерите се смееја дека заинтересирани граѓани коментирале дека е добро што општината се заангажирала за фасадата. Ако, нека мислат така, им одговорив. За сите има простор да се покажат во работата, они претходно го средија нередот со ѓубрето пред просторот“, резимира Глигоров.
Подолу на сликите може да се уочи разликата.
Претходно (лево) и сега (десно)
Фото-галерија
Како беше...
Како е сега...
Фејсбук пост ...
Логин Системи е консултантска фирма специјализирана за сметководствено-деловни системи базирани на светски познатиот Microsoft Dynamics 365 Business Central.
Comments