Скопје, 26.10.2023. Овој месец Microsoft објави дека ја става во употреба најновата верзија на својот систем за финансиско и деловно работење, Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2. Оваа верзија уште се нарекува Business Central верзија 23. Набрзо по излегувањето, Логин Системи го изработи и известува дека е на располагање преводот на македонски јазик за Business Central верзијата 23.
При преводот, Логин Системи водеше сметка за локалните изрази што се користат во Македонија како и да се задоволат барањата и критериумите што ги има производителот Microsoft.
галерија на слики со екрани од Business Central
Македонскиот јазик ќе може да се користи за Business Central Online (клауд верзија на Microsoft Azure) и за Business Central OnPrem. OnPrem верзијата се инсталира и работи на серверите на корисниците или на хостираните сервери од другите провајдери.
Повеќе информации за преводот на македонски јазик како и за Business Central има на страницата тука.
Можеби ќе ве интересира дополнително: 👇👇👇
Comments