Скопје 30.11.2022. Логин Системи објавува дека изврши успешна миграција на две Норвешки фирми од Microsoft Dynamics NAV на поновата верзија на популарниот ERP систем на Microsoft, Business Central.
„Целата постапка траеше малку повеќе од два месеци. Прво ги подготвивме податоците за пренос, а потоа ги процесиравме специфичностите/кастомизациите од претходниот систем во новиот јазик AL кој го користи новиот Business Central.“ објаснува Венко Глигоров, главниот консултант на миграцијата. „Откако ова го направивме, корисниците завршија со користење на претходниот систем во петок, а ние обезбедивме наредниот понеделник да почнат со Business Central.“
Иако двете Норвешки фирми се различни во своето работење, едната е производствена, а другата претежно трговска, тие соработуваат на дневна основа помеѓу себе. За таа цел го користат решението на True Commerce за Electronic Data Exchange (EDI) кое е интегрирано со Business Central. За преземање на изводи од банка и подготвување на плаќања, фирмите го користат решението на Continia, Payment Management.
Во надградбата на деловните системи базирани на Business Central, Логин Системи ги користи сопствените алатки за миграција на податоци како и своето искуство во надградбите на Business Central во повеќе десетици фирми во повеќе држави вклучувајќи и Македонија.
Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV.
Видео: Го претставуваме Microsoft Dynamics 365 Business Central
Во Македонија и регионот Логин Системи има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.
Comments