Надградбата од Dynamics NAV 2009 или од кој било друг сметководствен програм на најновите верзии Dynamics NAV 2018 или Microsoft Dynamics 365 Business Central може да биде многу сложен и долготраен процес. Ако решението во Dynamics NAV 2009 содржи многу кастомизации и дополнителни полиња, тоа може да биде многу отежнувачка мисија.
Постојат повеќе видови на миграција на податоците и за тоа пишував во блог постот "Опција за миграција од постоечки во нов светски сметководствен систем".
Во овој блог пост ќе пишувам за целосна миграција на податоците во новите верзија за MIcrosoft Dynamics NAV / 365 Business Central. Логин Систем разви приод со директен премин кон новите верзии со миграциските алатки на Логин Системи.
Типичен приод кон надградба на ERP систем Microsoft Dynamics
Типичен начин на надградба на решенија базирани на NAV 2009 е да се користат чекорите што се препорачани од Microsoft преку надградба на апликацискиот код и податоците верзија по верзија. Тоа се прави со неколку чекори и многу пот-чекори.
Надградбата се прави прво од NAV 2009 во NAV 2013 R2 при што се мигрира апликацијата и податоците. Потоа се прави надградба на апликацијата и податоците од NAV 2013 R2 во NAV 2018 CU2, па на крајот да се надгради до NAV 2018 последен апдејт или Microsoft Dynamics 365 Business Central.
Приод преку директно мигрирање само-на податоците
Логин Системи разви начин на надградба на претходните верзии од Dynamics NAV преку директен пренос само на податоците кон најновите верзии на Microsoft Dynamics NAV или Microsoft Dynamics 365 Business Central.
Со овој приод компанијата ќе има чиста верзија на Dynamics NAV / 365 и ќе може да ги надгради само неколкуте хоризонтални кастомизации или надополнувања. Бидејќи се инсталира чиста нова верзија од ЕРП решенито, компанијата ќе може едноставно да постави нови вертикални модули од различни производители на софтвер.
Процес на миграција
Процесот на миграција е типично проектен со неколку фази. Прво ја анализираме податочната структура на постоечкото решение што треба да се надгради. Со компанијата зборуваме која информација е задолжителна, што е пожелно, а што не треба да се префрлува.
Потоа го дизајнираме решението со алатките за миграција.
Следен чекор е изведба на трансферот на податоци чекор по чекор (ставки во главна книга, листи и регистри/налози за книжење). Овој чекор се изведува во неколку часови или денови и зависи од големината на базата и бризната на компјутерската мрежа од едниот сервер до другиот.
Придобивки од начинот на директна миграција на податоците со алатките на Логин Системи
Со користењето на алатката за миграција на податоците од Логин Системи некои корисници на домашен софтвер (Зонел, Инфо-биро, Дуна, Акцент, ...) или други ЕРП решенија (Sage, Oracle, Пантеон, и др.) може да мигрираат на најновите технологии за ЕРП од Microsoft. Сега главната пречка за премин кон Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central може да се изведе со овие алатки и да се зачуваат битните информации од претходниот систем.
Миграциските алатки на Логин Системи се испробан концепт и се искористени при миграцијата во неколку компании во Македонија и Косово.
Опции за миграција https://www.loginsystems.biz/news/migracijastaripodatocivonav
Содржината на блог-постот е иницијално објавен на страната https://www.loginsystems.biz/migracija-na-stari-podatoci.
Kommentare