Скопје, 16.08.2017. На барање на повеќе заинтересирани граѓани и фирми, Логин Системи ја информира јавноста дека Министерството за финансии започнало комуникација со #PayPal за воведување на PayPal за продажни места и прием на уплати во Македонија. Ова се неофицијални информации и според наша слободна проценка, воведувањето на PayPal не може да се случи пред октомври оваа година.
Логин Системи ја организираше иницијативата за воведување на PayPal и од 13 јули оваа година, Министерството за финансии ја презема реализацијата на иницијативата. Повеќе информации за самата иницијатива има на https://www.loginsystems.biz/aktivnosti-paypal.
Comments