Microsoft Dynamics 365 Business Central или скратено Business Central, е сеопфатен интегриран софтверски деловен систем за мали и средни организации. Тој служи како платформа за прилагодување и надградување за потребите на корисниците во различните земји. Повеќе за Business Central има во поглавјето За Microsoft Dynamics 365 Business Central. Прилагодувањето и надградувањето на Business Central за корисниците во Македонија се вика македонска локализација кој може но и не мора да има превод на македонски јазик.
Логин Системи ја разви македонската локализација за Business Central повеќеслојно со помош на повеќе локализациски апликации наречени апп-ови или екстензии. и со тоа се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина.
Во продолжение се опишани групите на локализацијата и локализациските аппови.
Групи на функционалности кај локализацијата
Локализацијата е прилагодување и надоградување на Business Central со функционалности кои се потребни за задоволување на барањата на законодавачот, потребите од задоволување на националните стандарди и пазарно-менаџерските потреби.
Регулаторни потреби – локални функционалност кои помагаат на бизнисите да ги испочитуваат законските обврски во делот на ДДВ пријавите, правила кај сметководствениот план и други побарувања кај законските уреди и прописи.
Барања од национални стандарди – локална функционалност која ги адресира лолалните стандарди како што се форматите кај плаќањата и изводите кај банките, форматите кај адресите, курсните листи, и локалните интерпретации на глобалните стандарди.
Пазарни потреби – ова се функционалности што се корисни да ги има, конкуретнски потреби – тоа се локални функционалности корисни за продуктивност на бизнис процесите во Македонија кои додаваат вредност на бизнисот и не се задолжителни од регулаторна перспектива.
Листа на локализациски аппови изработени од Логин Системи
Локализациските аппови на Логин Системи се направени врз база на Business Central world-wide верзијата W1.
Македонски превод (LSM Macedonian Translation). Превод на Business Central на македонски јазик.
Платформски компоненти (LSM Reusables App). Задолжителен модул кој е неопходен за работа на основната локализација и човечките ресурси со плати.
Основна локализација (LSM Base App). Модул за основна локализација на Business Central за Македонија кој содржи функционалности во сметковдствениот план, изгледот на печатените документи, ДДВ пријави и финансиски извештаи.
Напредна локализација (LSM Premium App). Модул за напредна локализација и функционалности за поголеми прганизации.
Човечки ресурси и плати (LSM People Management). Модул за пресметки на плати и подобрување на функционалностите на модулот за човечки ресурси.
Малопродажно работење (LSM Retail Management). Модул за малопродажно работење.
Сервисен менаџмент (LSM Service Management). Модул за подобрување на функционалностите во работата со сервис.
Иако апповите за македонската локализација може да се набавуваат и инсталираат поединечно, потребно е да се внимава на нивната меѓузависност прикажана на сликата погоре. Истите работат и на двете опции: Business Central Online (клауд) и Business Central OnPrem (на сопствен сервер).
За Microsoft Dynamics 365 Business Central
Dynamics 365 Business Central е модуларен и тесно интегриран софтверски систем кој информатички ги поддржува следните активности:
Сметководство и финансиски менаџмент за менаџирање на парите, средствата и банкарството
Ланец за снабдување, производство и логистика за евиденција и управување со производството, залихите, порачките и добавувачите
Продажба и сервис за менаџирање на коминтентите, продажните можности/зделки и договорите за одржување и сервис
Управување со проекти за креирање на проценки, водење на проекти и менаџирање со капацитетите
Деловна интелигенција и систем на извештаи за детален и општ преглед на работата на организацијата и носење на одлуки поткрепени со факти
Поддршка за интернационални валути за конкурирање на интернационалниот пазар со различни валути и јазици
Флексибилно инсталирање на сопствена опрема или во „облак“ според модел кој најдобро одговара на потребите на организацијата.
Повеќе информации за Business Central може да се види од документацијата на Microsoft што се наоѓа на веб локацијата https://learn.microsoft.com/en-us/dynamics365/business-central/.
Премиум пакетот содржи се’ што има основниот пакет со дополнување на модулите за сервис и напредно складиштување (warehouse management).
Описите на функционалностите од стандардниот и напредниот пакет се наоѓаат на страната Способности Business Central | Login Systems. Овие функционалности се предмет на измени без претходна најава од страна на производителот Microsoft.
Comments