Со излегувањето на Microsoft Dynamics 365 Business Central, производителот Microsoft ги прилагоди називите на лиценците за да одговараат подобро на потребите и полесно да се уочуваат разликите меѓу истите. Карактеристично е што сега лиценците и во месечна претплата и во набавка на трајни лиценци имаат исти називи.
Месечна претплата
Стандардниот корисник (анг. Standard User SAL) кај Microsoft Dynamics NAV се нарекува Dyn365 Business Central Essentials. Наместо да се собираат Standard User и Advanced Extended User SAL, во Dyn365 Business Central оваа лиценца се вика Dyn365 Business Central Premium. Лимитираниот корисник SAL по ново сега се вика Dyn365 Business Central Членови на тим (анг. team members).
Рекапитулар на овие лиценци има на табелата долу.
Повеќе за месечната претплата и нивните цени има на страната „Лиценцирање по пат на месечно изнајмување“.
Трајни лиценци
Кај трајните лиценци во Dynamics NAV постои набавка на пакет „Почетен пакет“ (анг. Starter Pack) или на Проширен пакет (анг. Extended Pack). Откако ќе се набават еден од овие два пакети, потоа се набавуваат лиценци за пристап.
Со новото лиценцирање на Dynamics 365 Business Central нема набавка на пакети од лиценци туку директно се набавуваат клиентските лиценци и тоа
Dynamics 365 Business Central Premium
Dynamics 365 Business Central Essentials
Dynamics 365 Business Central Team Members
Повеќе за трајните лиценци и нивните цени има на страната „Набавка на трајни лиценци“.
Важно. Од Април 2019та година новите корисници ќе може да набавуваат само Microsoft Dynamics 365 Business Central.
ความคิดเห็น