top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

информација

УЈП: Нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход

Управата за јавни приходи информира дека од 01.01.2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за...

пишува:

Angel Face

Автор

31.01.2018

Notebook and Fountain Pen

категории

УЈП: Нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

MakasIT.gif

Управата за јавни приходи информира дека од 01.01.2018 година се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход. Имено, пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи преку новиот систем е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk.


Обврска за е-ППД

Обврска за поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) имаат:

  • Исплатувачи на приходи (правни лица и СВД кои водат деловни книги) - кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица - резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица.

  • Физички лица - резиденти кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење на самостојна дејност.

  • Физички лица - нерезиденти кои остваруваат приходи од други физички лица во Република Македонија.


Намалување на административнот товар и поедноставување на постапките


Со воведувањето на новите кориснички ориентирани услуги за персонален данок, покрај низа придобивки (види повеќе на http://ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/64), се намалува и административниот товар и се укинуваат обврските за даночните обврзници (исплатувачи на приходи, вршители на дејност и граѓани) за достава на пријави и извештаи до УЈП, и тоа:

  • Исплатувачи на приходи. Со воведувањето на Електронската пресметка (е-ППД), исплатувачите на приходи почнувајќи со исплатите што ќе ги вршат од 01.01.2018 година, ќе немаат повеќе обврска да му издадат на секој обврзник збирен податок за вкупно платената аконтација, како и да поднесуваат годишни или месечни извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД-МИ/ИС. Исто така, исплатувачите преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, за исплата на приходи на физички лица-нерезиденти ќе имаат преглед на поднесените барања за користење на даночни стапки според договорите за одбегнување на двојното оданочување и двојното ослободување (Барање за ослободување од данок на доход Б-ОДД и Барање за олеснување односно ослободување од данок на доход по видови на приход Б-ОДД/ВП), како и одобренијата од Управата за јавни приходи издадени по поднесените барања. Во Електронската пресметка (е-ППД) данокот за приходот што треба да се исплати на нерезидентот ќе се пресмета по даночната стапка од меѓународниот договор според одобрението од Управата за јавни приходи.

  • Граѓани. Со воведувањето на Електронската пресметка (е-ППД), граѓаните за приходите кои подлежат на оданочување, а се остварени во земјата или во странство, почнувајќи од 01.01.2018 година, немаат повеќе обврска за поднесување на Аконтативни даночни пријави ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП. Почнувајќи од 2019 година, Управата за јавни приходи ќе им издава пополнета Годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, за приходите кои ќе ги остварат во 2018 година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или корегира пријавата.

  • Физички лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи. Со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок, физичките лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи, за приходите остварени почнувајќи од 1 јануари 2018 година, немаат обврска за поднесување на Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност УЈП-РДО/З и Барање за паушално оданочување за остварени приходи од земјоделска дејност ПДД-ПЗ.

  • Сите даночни обврзници. Сите даночни обврзници кои се обврзани за поднесување на Електронската пресметка (е-ППД), преку системот e-pdd.ujp.gov.mk ќе имаат можност за преглед на износите на повеќе платен платен персонален данок по поднесените Електронски пресметки (е-ППД), како и да поднесуваат и вршат преглед на поднесените Барања за враќање на повеќе или погрешно наплатен ПДД. Ќе нема обврска за поднесување на Барања за пренасочување на погрешно платен ПДД.


Новини и поднесување на електронска пресметка за приходите и персоналниот данок


Со цел запознавање со новините и постапките за регистрација и начинот на користење на e-pdd.ujp.gov.mk, пополнување на електронските пресметки за персонален данок, поднесување на барања за користење на нивните даночни права, навремено исполнување на нивните обврски согласно новите даночни процедури... Управата за јавни приходи издаде Брошура „Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход“ во која детално се опишани чекорите кои треба да ги преземат одделните категории на даночни обврзници за да се усогласат со новиот начин на даночно работење, односно кои се новите обврски за:

  • Исплатувачи на приходи

  • Самостојни вршители на дејност, трговци поединци, занаетчии, адвокати за приходите од вршење дејност...

  • Физички лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи и трговци кои организираа зелени пазари

  • Граѓани кои остваруваат приходи од други физички лица или приходи од странство






0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page