Скопје, 05.07.2018 - Новости. Логин Системи изработи нова ролја за Dynamics NAV која може да ја користат лицата што обавуват активности на бренд менаџер во македонските компании во трговијата на големо и мало.
Ролјата „Бренд менаџер“ се базира на активностите поврзани со набавките од брендовите, работата со кампањи и сегменти како и помош во продажбата. Исто така на главниот екран се појавуваат и команди за анализа на залихата, менаџмент со фондовите што ги даваат добавувачите и перформансите во продажбата и набавките.
Бренд менаџерот може да избере на главниот екран кои му се омилени артикли и кои добавувачи да ги следи.
Една битна компонента за ролјата на бренд менаџерот е калкулацијата на цени за различни групи на купувачи и одредување на попусти според артикли, групи на артикли или кампањи.
Галеријата на слики подолу во текстот ги прикажува главните делови од ролјата.
Галерија слики од главниот екран
Останати нови или подобрени ролји од Логин Системи за Dynamics NAV:
Microsoft Dynamics NAV (или Dynamics 365 Business Centra) е најкомплетниот интегриран сметководствен систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 150.000 организации работат со NAV. Повеќе информации за Dynamics NAV има на www.ERP.mk/DynamicsNAV.
Логин Системи е овластен партнер и имплементатор на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на www.LoginSystems.biz.
Comentarios