Скопје, 21.11.2024. Венко Глигоров, основачот и ко-сопственик на Логин Системи одржа предавање на темата „ЕРП и сметководството“, на еднодневниот вебинар за сметководители од Македонија како дел од нивното професионално усовршување преку КПУ во организација на економско правен консалтинг „ФВ“.
Со вкупно времетраење од 90 минути, предавањето почна со општо за ЕРП како деловен софтверски систем и улогата на сметководството во целиот систем. Потоа се даде осврт за придобивките за фирмите/организациите и сметководителите во користењето на ЕРП. На крајот се појаснија некои можни сценарија за соработка меѓу фирмите и сметководителите, како и за трендовите во нудењето на сметководствените услуги.
Современите потреби на организациите се многу поголеми од базичното водење на сметководството независно дали се изведува интерно или со помош на сметководствено фирма. Тие имаат зголемена потреба од интегрирано водење на деловните книги какви што се главната книга, даночната книга, книгите на купувачи и добавувачи, движење на артиклите и лагерот како и односите со коминтентите. Ваквите потреби на организациите се решаваат со користење на софтверски ERP системи.
„Ако нема ресурс во софтверскиот систем, не може софтверот да се нарекува ЕРП.“ презентираше Глигоров. „Enterprise Resource Planning, скратено ЕРП, е категорија на сметководствено-деловен и менаџмент софтвер, најчесто во форма на пакет на повеќе интегрирани софтверски апликации.“
На крајот на предавањето, Маја Лазароска од ФВ консалтинг и Венко Глигоров разговараа за ЕРП, сметководството, деловната интелигенција BI и како сметководителите да ги искористат или да се прилагодат на новите трендови. На линкот подолу е видео од сесијата за прашања и одговори, веднаш после моето предавање за ЕРП и сметководстовото.
Видео: прашања и одговори
Прегледајте ја галеријата на слики од предавањето прикажана подолу.
Повеќе информации за ЕРП има на www.ERP.mk
Економско правен консалтинг ФВ (www.fvkonsalting.com.mk) е АКРЕДИТИРАНА компанија од Институтот на сметководители и овластени сметководители на РСМ и одржува обуки за континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење сметководствени работи, а со цел професионално и ефикасно вршење на сметководствените работи.
Во Македонија и регионот Логин Системи (www.loginsystems.biz) има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.
Comments