СКОПЈЕ, 11.10.2020 --- Логин Системи, софтверски провајдер на сметководствени и деловни решенија со Microsoft Dynamics 365 Business Central, објавува дека изработи и постави за користење Онлајн конвертор за текст од МК фонт или латиница во кириличен текст. Со конверторот се можни и обратните операции - од кирилица во латиница.
Со онлајн конверторот се можни 6 различни комбинации и тоа три за конвертирање во кириличен текст со системска поддршка и три од кириличен текст во латиничен текст.
Конверзија од латиница во кирилица
Ф -> К. Од македонски фонт во кирилица
Л -> К. Од одомаќена латиница во кирилица
Л2 -> К. Од официјална латиница во кирилица
Конверзија од кирилица во латиница
К -> Ф. Од кирилица во македонски фонт
К -> Л. Од кирилица во одомаќена латиница
К -> Л2. Од кирилица во официјална латиница.
Овие опции на конверторот може да се користат на страницата со адреса www.loginsystems.biz/konvertor.
Мотивацијата за создавање на онлајн конверторот е во фактот што постои потреба од конверзија на текстови од латиница во кирилица и обратно.
„... Мислев дека оваа алатка (н.з. ЛС КонвертМак изработена во 1998 година) ќе се користи пар години. Не повеќе. Ни на сон не сум помислил дека и денес, после 20 години, има корисници што го преземаат овој ‘програм’ од нашиот сајт и дури бараат верзија или упатство за Office 365.“ напиша на фејсбук страната на Венко Глигоров за време на пробната фаза од онлајн конверторот.
„Тоа некако ме иницираше и се мотивирав да направам онлајн (веб) конвертор за текст од латиница или кириличен фонт во текст со кирилична, македонска, поддршка. Како бонус, ставив и обратна опција, од кирилица во латиница.“
Фејсбук статус на страната на Венко Глигоров
Онлајн конверторот е бесплатен и е претежно наменет за оние кои не користат Microsoft Word или конвертираат текст на мобилен уред. За документи и подолги текстови пропратени со графика и табели, на корисниците им е овозможен ЛС КонвертМак за Microsoft Word. Со воведувањето на онлајн конверторот се покриваат сите области - Microsoft Word и nonWord.
Comments