top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

функционалности

МК локализација

MSDyn365

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Логин Системи објавува дека изработи функционалност за печатење на фискални сметки со Business Central за Македонија.

пишува:

Angel Face

логин системи

15.08.2024

Notebook and Fountain Pen

категории

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

MakasIT.gif

Скопје, 15.08.2024. Денес, Логин Системи објавува дека изработи функционалност за печатење на фискални сметки со Business Central за Македонија. Оваа функционалност е расположива и за двете едиции на Business Central, едната е клауд (анг. Online или Cloud), а другата е едиција за сопствен сервер (анг. OnPremises). Функционалноста работи за најновата верзија на Business Central 24 или уште наречена Business Central 2024 wave 1.

 

Печатењето на фискални сметки во Македонија е проблематично бидејќи фискалните каси кои ги нудат најраспространетите македонски провајдери на фискални апарати работат со застарен метод за комуникација со компјутерите, преку EXE програми кои се изведуваат како ДОС команди и користат нестандардизирани текстуални датотеки. Дополнително, кириличната поддршка е застапена со Windows 1251 но не и UTF форматот на текстуалните фајлови (UTF е стандарден формат за новите апликации).

 

Новите клауд верзии на современите деловно-сметководствени програми, уште наречени ERP системи) се користат од различни уреди и оперативни системи кај кои нема Windows.

 

„Функционалноста ја направиме да биде надградлива со други команди за кои ќе се утврди дека има потреба во текот на користењето на Business Central.“ изјави Венко Глигоров, главен консултант во Логин Системи. „При тоа, наместо програмирање ќе се користи конфигурирање во Business Central“

 


Список на стандардни команди за фискален принтер
Список на стандардни команди за фискален принтер


Преку надградливоста, корисниците на Business Central ќе можат да ставаат нови команди и да одредуваат нивен редослед на прикажување во менито на Business Central. Исто така функционалноста овозможува да се ставаат различни модели на фискални апарати, па дури и апарати од други производители.


Функционалноста за печатење на фискални сметки директно од Business Central е дел од модулот за малопродажно работење на Логин Системи. Повеќе информации за Business Central има на линкот https://www.loginsystems.biz/bc.

 


 


Microsoft Dynamics 365 Business Central е интегриран сметководствен и деловен софтверски систем кој ги задоволува потребите на успешните мали и средни претпријатија во Европа и светот. Овој систем е продолжение на успешните бизнис пакети на Microsoft - Navision и Dynamics NAV.


Во Македонија и регионот Логин Системи (www.loginsystems.biz) има десетици успешни имплементации на деловни системи кои користат Navision, Dynamics NAV и Dynamics 365 Business Central. Овој сегмент во работењето на Логин Системи започнува во 2002 година.






Comentarios


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Dyn365 BC – Консултација (1 час)

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page