Скопје, 21.04.2018. Логин Системи го доби првиот пензионер од своето постоење до денес. Изминатата седмица Лусија Бошку се пензионираше после 25 години работа во Логин Системи.
„Кога на интервју за работа во октомври 1992 Лусија ми кажа дека сака да се вработи и да се пензионира во Логин Системи - се вртев и мислев дека е скриена камера. Не можев ни да замислам кога тоа ќе биде ...“ се присетува Венко Глигоров, управител на Логин Системи. „Ете тоа време стигна. Пред некој ден ја испративме Лусија Бошку во пензија. После 25+ години работа заедно. Благодарен сум за професионалноста и беспоштедната работа сите овие години.“
Лусија Бошку работеше на местото технички секретар во 90тите години кога фирмата работеше со едукација и со софтверски програми. Во 2000тите Лусија беше деловен асистент на менаџментот со фокус на дистрибуцијата, а дополнително помагаше во почетните години на етаблирањето на Сојузот на стопански комори со коучинг на новите вработени. Последните години Лусија помагаше во активностите за документацијата на Microsoft Dynamics NAV.
„Ти благодариме за убавите денови поминати заедно и за се' што направи за сите нас.“ напиша Татјана Бошевска, долгугодишен менаџер во Логин Системи, а сега менаџер во Сивус, на ѕидот на фејсбук страницата Login Systems Legacy.
Од името на сите сегашни и бивши вработени на Логин Системи, нека ти се среќни и долгувечни пензионерските денови, Лусија Бошку!
###
Проследете ја галеријата со слики ...
Повеќе слики за Логин Системи и Лусија Бошку има на линкот https://www.loginsystems.biz/25-godini.
Со овие уреди од Microsoft Луси ја дочека пензијата: Тастатура „Microsoft Natural Keyboard“ дизајнирана во 1994 година, а во Логин Системи во употреба од 1995та година. Луси остана верна на овој тип на тастатура од тоа време. Исто користеше Microsoft Trackball Explorer од 2001ва година (како на сликата). Користени трекболови од овој тип може да се купат за 200 долари.