Скопје, 15.12.2020. Логин Системи објавува дека воведе нова премиум консултантска услуга за лица и фирми кои имаат намера да постават систем за наплата на своите производи и услуги преку светскиот платежен провајдер Пејпал. Консултациите за Пејпал се изведуваат во траење од 30 минути според принципот еден-на-еден. Заинтересираното лице избира термин за средба и истата се реализира преку онлајн сервисот Zoom.
„Иако изработивме рубрика за Пејпал на нашиот веб сајт која содржи бесплатни инструкции, упатства и информации за Пејпал, постојат лица кои имаат потреба од премиум услуга за да може да го воведат овој сервис со македонски картички.“, изјави Венко Глигоров. „Предностите на овој начин се побрза реализација, одговори на конкретни прашања и помош при подесување на пејпал сметката со македонска картичка.“
Услугата чини 30 евра во денарска противредност за 30 минутна ZOOM сесија. Закажување се прави на страницата Закажи консултација за Пејпал (www.loginsystems.biz/book-paypal).
...
Пејпал е светски платежен сервис за едноставно купување и наплата на производи и услуги онлајн. PayPal е глобален лидер за онлајн платежни решеније со повеќе од 325 милиони сметки-корисници во светот. Повеќе за пајпал има на www.paypal.com.
Логин Системи е софтверска компанија за сметководствено деловни решенија базирани на светски распрострениот ERP систем, Microsoft Dynamics 365 Business Central. Повеќе за Логин Системи и Business Central има на www.loginsystems.biz/bc.
Бесплатната рубрика за Пејпал се наоѓа на адресата www.loginsystems.biz/paypal.
Comments