Скопје, 19.04.2019. Од неодамна Логин Системи постави подредена листа на референци на Логин Системи за Microsoft Dynamics NAV / 365 Business Central и други деловни апликации кои се користат или користеле во изминатите 25+ години.
Во своето речиси 30 годишно работење, Логин Системи стекна преку 1000 купувачи на ИКТ опрема и неколку стотини корисници на софтверски решенија и услуги. Во 90тите години и почетокот на милениумот, преку 400 фирми, банки и институции ја користеа апликацијата Инфо-изводи за пристап и преземање на податоци од Заводот за платен промет - посебна верзија за банките Инфо-бан користеа сите банки и тогашната Народна банка на Република Македонија.
Иако Логин Системи имаше свој програм за сметководствено и деловно работење кој го користеа неколку десетина фирми, компанијата одлучи да се посвети на во тоа време Navision, кој потоа се преименува во Microsoft Dynamics NAV, а од април оваа година и официјално брендот се преименува во Microsoft Dynamics 365 Business Central.
За одбележување е и активноста на Логин Системи во консултантските и тренинг услугите поврзани со ERP и Balanced Scorecard. Листата на референци содржи имиња на дел од фирмите и институциите кои користеле и користат производи и услуги до Логин Системи.
Референците може да се погледнат на линкот www.loginsystems.biz/referenci. За попријатна работа на посетителите на сајтот, ставивме можност за филтрирање според земји, индустриски гранки и типови на решенија.
Логин Системи е компанија основана во 1991ва година во Скопје, Македонија. Повеќе информации има на www.loginsystems.biz.
Comentarios