За да ја олесниме одлуката на купувачите при инвестирањето во програм за сметководство и деловно работење, анализиравме четири софтверски решенија од производители што се присутни на македонскиот пазар (Datalab, Зонел, Инфо-биро и Microsoft со имплементација и одржување од Логин Системи).
За потребите на овој блог-пост ги одбравме производите за кои има доволно јавни податоци на Интернет и за кои има информации за изборот на параметри и карактеристики (подолу се прикажани во листа). Иако Dynamics NAV е производ на Microsoft, тој е прилагоден за работа во Македонија и дополнет со многу корисни опции од страна на Логин Системи - затоа во графата на производител се наоѓа и Логин Системи.
Битно е да се одбележи дека во насловот на некои од програмите стои дека се ЕРП (ERP) системи, но не сите софтвери целосно ги задоволуваат критериумите за оваа категорија. За да се одреди некој софтвер дека е ЕРП систем треба да задоволува најмалку еден критериум - да има ентитет што се нарекува „Ресурс“ во самиот програм. Повеќе за карактеристиките за ЕРП решенијата има на блог постот „Дали има Ресурси за да се вика ЕРП софтвер?“.
При споредбата на софтверите ги одбравме следните параметри и карактеристики на истите:
Популарност во користење. Овој параметар ја покажува општата прифатеност на решението во Македонија и во светски рамки. Бројот на корисници уверува во вграденото знаење во самото решение и во стабилноста на производот и услугите.
Распространетост во свет. Во услови на глобален пазар и можноста на македонските компании да освојуваат нови пазари и отвораат претставништва, софтверот овозможува сите вработени во различните делови од светот да користат едно единствено решение за сметководство и деловно работење.
Употреба на говорни јазици. Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм.
Уреди за користење и оперативни системи. Мобилноста на дел од вработените и менаџерите изискува тие да го користат програмот на уреди, места и во време кое најмногу им одговара.
Цени за месечно користење. На крајот се' се сведува на обемот на инвестиција и издатоци за одржување наспроти придобивките кои се добиваат изразени во пари и/или добиени зделки или на намалени трошоци на работење. Месечното одржување се покажува како атрактивна понуда на компаниите да ја избегнат почетната инвестиција или да ја сведат на минимум.
Овој блог е отворен за информации од други производители и истите може да се споделат во коментари подолу во постот. Во случај да има понови податоци за горенаведените фирми со задоволство може да ги ставиме во овој пост за да се има поточна претстава во споредбите.
1
Популарност во користење
Популарноста се мери со број на фирми и организации што го користат решението.
Со преку 160.000 фирми и организации, Dynamics NAV е убедливо најпопуларниот сметководствен софтвер во однос на другите фирми.
Исто така се мери и бројот на лиценци кои се во употреба - број на лиценци укажува на тоа колку вработени го користат соодветното решение.
Dynamics NAV има преку 2.7 милиони корисници во светот и оваа бројка е убедливо подобра од другите. Бидејќи не се гледа добро на графикот погоре, програмот Хеликс има 5100 лиценци, а CFMA на Инфо-биро има 2500 лиценци. Бројот на лиценци за Хеликс и ЦФМА се претпоставени бројки бидејќи на нивните сајтови не пишува кој е нивниот точен број.
2
Распространетост во светот
Во услови на глобален пазар и можноста на македонските компании да освојуваат нови пазари и отвораат претставништва, софтверот овозможува сите вработени во различните делови од светот да користат едно единствено решение за сметководство и деловно работење.
Dynamics NAV се користи во 195 земји во светот - речиси сите.
3
Употреба на говорни јазици
Фирмите и организациите вработуваат луѓе кои говорат различни јазици и софтверското решение (треба да) овозможува користење на различни јазици за еден ист програм.
4
Уреди за користење
Во денешно време, работа на мобилни уреди не е убаво-да-се-има туку е една од приоритетните работи. Со мобилните уреди менаџерите и вработените може да прегледуваат состојби на конта, залихи или купувачи/добавувачи, да испраќаат извештаи, да одобруваат документи. Секако дека може и процесираат продажни порачки на лице место од кај купувачите.
Microsoft Dynamics NAV е единствениот програм од групата на програми што се споредуваат што има решение за мобилен телефон. Погледнете го видеото подолу ...
Видео: Работа со Dynamics NAV на мобилен телефон
Во оваа категорија Dynamics NAV покажува надмоќ во однос на конкуренцијата.
5
Цени за месечно користење
Од горенаведените софтвери во моментот имаме само информација за месечно користење на Datalab Pantheon и Microsoft Dynamics NAV. Споредбата на цените се прави за приближно исти функционалности - сепак Dynamics NAV е многу побогат со алатки и функционалности, има многу повеќе конфор во работата и многу поквалитетна/посеопфатна изработка на модулите. Исто така Dynamics NAV работи на многу повеќе разновидни уреди и оперативни системи.
Цените се изразени во денари и не е вклучен данокот на додадена вредност (ДДВ). Извор за цените: веб сајт на Datalab Pantheon, веб сајт на Логин Системи за Microsoft Dynamics NAV.
Покрај цените на лиценците, можни се дополнителни издатоци за пуштање во функција на системот, дополнителни кастомизации, мигрирање на податоците и одржување на решението.
Рекапитулар
Споредбите покажуваат дека Microsoft Dynamics NAV е најсеопфатен и најраспространет софтверски пакет за сметководство и деловно работење (ERP). Тој е квалитетен производ кој е прилагоден на македонските закони и прописи. Македонскиоте корисници имаат повеќе од 10 години искуство во работата со Microsoft Dynamics NAV.
Како што може да се увиди, Dynamics NAV е победник во сите категории, а во цените е конкурентен со другиот софтвер што нуди месечна претплата.
Прегледај ги другите споредби на сметководствените програми:
Ако некој сака да презентира друг сметководствен програм, топло препорачуваме и го охрабруваме да го стори тоа во коментарот на овој пост.
Напомена: Во презентирањето на другите програми и компании се водевме од начелото за фер претставување и наведување на изворот од каде сме ги презеле податоците. Ако горенаведените компании имаат подобри слики или имаат понови верзии од претставените, со задоволство ќе ги објавиме ако ни се обратат. Алтернативно, може екраните да се постават во коментар директно на овој пост.
###
Извори и повеќе информации за производителите/провајдерите:
Microsoft www.microsoft.com
Логин Системи www.LoginSystems.biz
Даталаб www.datalab.com.mk
Зонел www.zonel.com.mk
Инфо-биро www.infobiro.com.mk
Bình luận