top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Чекори за мигрирање од сметководствен програм или надградба од Navision / Dynamics NAV во Business Central

MSD365BC.png

Видео: Клучна разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП систем

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

функционалности

Светска пракса на одржување на сметководствен и ERP систем

Годишни надградби и месечни подобрувања на Microsoft Dynamics NAV ЕРП системите се „жива“ материја и постојано има потреба од поддршка,...

пишува:

Angel Face

Автор

20.03.2018

Notebook and Fountain Pen

категории

Светска пракса на одржување на сметководствен и ERP систем

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Чекори за мигрирање од сметководствен програм или надградба од Navision / Dynamics NAV во Business Central

Видео: Клучна разлика меѓу сметководствен програм и ЕРП систем

Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

MakasIT.gif

Годишни надградби и месечни подобрувања на Microsoft Dynamics NAV

ЕРП системите се „жива“ материја и постојано има потреба од поддршка, консултации и одредени мали надополнувања. Под одржување се подразбираат активностите на производителот Microsoft за континуирани надградби, подобрувања и отстранување на евентуални грешки во Microsoft Dynamics NAV.


Како креатор на македонската локализација за Dynamics NAV, Логин Системи се грижи софтверот на Microsoft да биде компатибилен со македонските закони и прописи и со своите надополнувања го прави Dynamics NAV попривлечен за македонските компании и организации.



Одржување на Microsoft Dynamics NAV

Последните 5 години, Microsoft Dynamics NAV се надградува и одржува со нови верзии на годишни временски интервали. Така, секоја година во Ноември или Декември излегува верзијата на Dynamics NAV за наредната година. На пример, во Декември 2016та година излезе Dynamics NAV 2017. Во декември 2017та година излезе Dynamics NAV 2018.


Дополнително, секој месец Microsoft пушта подобрена суб-верзија која содржи исправки на грешки, подобрување на перформанси и слично. Овие субверзии се нарекуваат Cumulative Update.


Новите верзии и суб-верзии на Microsoft Dynamics NAV се бесплатни ако корисникот има набавено годишен Enhancement Plan (скр. BREP) или има месечна претплата (анг. Monthly Subscription).


Македонска локализација и надополнувања од Логин Системи

Македонската локализација и надополнувања од Логин Системи се одржуваат на редовна основа. Тоа значи дека програмскиот код се менува и подобрува врз основа на барањата на македонските закони, на барањата на корисниците или според видувањата на Логин Системи. Некои надградби се прават бесплатно, а некои со одреден фиксен или месечен надомест и зависи од комплексноста на надградбата или од функционалноста на решението.



Напомена:

Моменталната пракса на Microsoft објаснета погоре не е фиксна и може да се менува од страна на Microsoft без претходна најава. Иако надградбите и подобрувањата може да бидат бесплатни, самото ставање во нивна функција може да биде предмет на посебен договор ако самата надградба изискува забележителни активности кои надминуваат 2 работни часа.



Какво е твоето искуство со одржување на сметководствениот програм или ERP системот што го користиш? Те молиме за коментар подолу! Благодариме.

0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page