top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

LSM Service Plus App: Проширување на Business Central за сервисни центри во Македонија

MSD365BC.png

Логин Системи објавува лансирање на LSM People App за Microsoft Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

LSM Retail App на Microsoft AppSource: Малопродажба за Business Central

MSD365BC.png

Македонската локализација за Microsoft Dynamics 365 Business Central сега е во живо на Microsoft AppSource!

блог

Три најчитани написи за стратегија и менаџмент на форумот на Логин Системи

Случајно или не, најчитани написи на форумот во рубриката за стратегија и менаџмент се поврзани со теми на три нивои: (1) личен...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Три најчитани написи за стратегија и менаџмент на форумот на Логин Системи

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

|

MakasIT.gif

Updated: Dec 27, 2021

Случајно или не, најчитани написи на форумот во рубриката за стратегија и менаџмент се поврзани со теми на три нивои: (1) личен менаџмент/лидерство, (2) компаниски менаџмент и (3) стратегија на државно ниво во одредена област.


Проследете ги подолу за најчитаните написи од форумот за стратегија и менаџмент на Логин Системи.


Личен менаџмент стил


(Би)вол-стадо или лет на полските гуски
(Би)вол-стадо или лет на полските гуски

Во написот "(Би)вол стадо или лет на полските гуски" се презентираат разликите во стилот на менаџмент базиран на стадото биволи и летот на гуските е голем. Со парадигмата на јатото од гуските, може лесно да се увидат придобивките од засилениот "тимски" приод каде што секој е вовлечен во активности за групата да може да стигне до посакуваната одредница. Написот можете да го прочитате тука.



Управување со компанија со историски показатели и водечки индикатори


Историски показатели или водечки индикатори?
Историски показатели или водечки индикатори?

Во написот "Историски показатели или водечки индикатори?" пишува за значењето на финансиските и нефинансиските показатели при водење на бизнис, а посебно на соодветниот микс од историски показатели и водечки индкатори.


Историскиот показател без соодветен водечки индикатор нема да даде никаква насока како да се постигне посакуваниот резултат. Слично важи и за водечки индикатор без историски показател - водечкиот индикатор ќе покажува дека нешто се работи, но без да се знае дали тоа го постигнува соодветниот резултат.


Повеќе може да се прочита во написот тука.



Стратегија во градење правосудство во Македонија со користење на моделот од Шкотска


Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска
Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска

Во написот "Стратегија: Градење правосудство во МК со моделот на Шкотска" се објаснува како може да се изгради правосуден систем со користење на школски пример од Шкотска. Шкотска е релативно мала земја и може да се земе како модел со принципи врз кој ќе се гради правосудниот систем во Македонија.


Секако дека процесот на воспоставување на правосуден систем не е едноставна работа. Но исто така не е сложена работа ако се прави врз основа на визија, темели (принципи и вредности), и стратегија кои потоа се преточуваат во добар стратешки и оперативни планови за изведба.


Повеќе може да се прочита во написот тука.



 


Зачленување на форумот или преглед на членовите се прави на страницата тука. Го посакуваме вашето активно или пасивно учество на форумот на Логин Системи.

Comments


Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page