Скопје, 14.08.2018. Логин Системи ги информира посетителите на сајтот и заедницата на форумот дека форумот на Логин Системи е збогатен со повеќе содржини и услуги.
Профил. Членовите на форум-заедницата може да ги ажурираат своите профили со со слика и со куса информација. Членовите имаат можност да ги следат активностите на одредени членови (анг. follow), а и самите членови да бидат следени. Профилот е конфигурабилен и може да се подеси какви известувања (нотификации) ќе се добиваат.
На наредната слика е прикажан профилот на модераторот на форум-заедницата, Венко Глигоров.
Преку профилот на некој член може да се излистаат сите постови на форумот од соодветниот член.
Важно е да се напомене дека само членовите на заедницата може да лајкуваат, коментираат, креираат постови, ... Листата на форум-заедницата е отворена и може да се прегледа на линкот https://www.loginsystems.biz/members.
Чет сервис. Во рамките на сајтот, поставивме чет услуга која може да се користи за комуникација со овластени лица од Логин Системи како и за четување меѓу членовите на форумот - тоа би било некаков вид на Messenger.
Нови содржини. Неодамна Логин Системи покрена иницијатива #МојатаРабота со која познати и помалку познати лица од бизнисот ќе ја кажуваат својата приказна и ќе споделат со заедницата свои бизнис совети. Со тоа форумот станува побогат и покорисен за поширок круг на професионалци, менаџери и претприемачи.
Како се станува дел од форум заедницата? При посета на страната https://www.loginsystems.biz/account/newmember. се појавува форма за внесување на новиот член.
„Нашата цел е форум-заедницата да биде жива и да споделува знаења и искуства меѓу себе. Преку дискусија и аргументирано комуницирање да овозможиме раст на бизнисите и сопствен професионален напредок.“ вели Венко Глигоров, модератор на форум-заедницата на Логин Системи.
Основана во 1991 година, Логин Системи е овластен провајдер на деловни софтверски решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
Comments