Стандардна МК локализација за Microsoft Dynamics NAV
Управувањето со готовината во Microsoft Dynamics NAV се прави во посебен дел од апликациајта каде што се сместени сите потребни функционалности за благајничко работење. Благајничкото работење е дел од дополнувањата на Логин Системи со кои се прилагодува Dynamics NAV на македонските закони и прописи.
Во модулот за работа со благајна постојат функционалности за внесување на благајнички трансакции (дневник на благајна) и печатење на каса-прими и каса-исплати во форма како што бараат македонските сметководители. Дополнително, на корисникот му е на располагање табела со трансакциски кодови за побрзо внесување на различните типови на случаи заедно со контата на кои треба да се искнижи трансакцијата.
Образец каса-исплати пред печатење
Исто така, направено е прилагодување, во случај на фирми кои работат и продажба на големо и малопродажба, при наплата на побарувањата во готово, покрај стандардните документи да се печати и сметко-потврда која се дава на купувачот. Модулот работи со неограничен број на благајни во локална или странска валута.
Подетално објаснување за користење на благајната има на форумот на линкот тука ...
Microsoft Dynamics NAV е систем кој е направен како платформа на која може да се надодава и прилагодуваат работи кои се бараат од корисникот. За потребите на македонските организации, Логин Системи има изработено и се во функција сет од од подесувања, подобрувања и нови опции кои се однесуваат на законските прописи, како и надополнувања за дополнителен конфор во работата и потребите на менаџерите.
Македонска локализација во Microsoft Dynamics NAV (изработена од Логин Системи)
Изведбата на македонската локализација е повеќеслојна и флексибилна. Со оваа локализација се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина и за различните потреби. Локализацијата во Македонија е изведена во три слоја: (1) задолжителна локализација, (2) суштинска локализација со надополнувања, и (3) надополнувања по желба и потреба.
Microsoft Dynamics NAV (од догодина под називот Dynamics 365 'Tenerife') е најкомплетниот интегриран систем што се нуди во Македонија. Тој е најпопуларниот ERP за мали и средни фирми во светот - 100.000 организации работат со NAV. Целосна листа на македонска локализација и надополнувања има тука.
Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес.
Comments