Организациите што работат во одредена земја се должни да се повинуваат на специфичните закони за таа земја, нејзините прописи и општо-прифатените деловни пракси за да ги изведуваат дневните деловни трансакции и активности.
Microsoft Dynamics NAV е ERP решение кое им помага на организациите да ги управуваат разните деловни процеси во своето работење. Тоа е платформа која се користи во речиси 100.000 организации во светот и ги содржи сите неопходни елементи потребни за една организација како што е сметководството и финансиите, човечките ресурси, магацинското работење, продажбата (фактурирањето) и набавките, водењето проекти и сервис, и секако производството.
За да ги задоволи најразличните потреби на корисниците од целиот свет, архитектурата на Dynamics NAV е надградлива и повеќе слојна при што основните функционалности за ERP се вградени во платформата. Со алатките што ги нуди Microsoft, можни се прилагодувања на функционалностите на ниво на земја и на ниво на корисник. Исто така е можно за овластените провајдери на Dynamics NAV да се прават прилагодувања и дополнувања за одредени индустриски гранки.
Архитектура на Dynamics NAV за прилагодување
Процесот на прилагодување на софтверот да ги задоволи барањата на локалните закони во одредена земја се вика локализација. Процесот на прилагодување на софтверот да ги задоволи јазичните барања се вика јазичен превод.
Локализација на Dynamics NAV
Локализација е процес на прилагодување на софтверот да ги поддржува специфичните барања на законодавецот во поглед на законите и регулативата во одредена земја. Microsoft го локализира својот Microsoft Dynamics NAV да вклучува функционалности за пресметување на даноци, контирање и финансиски извештаи што ги бараат соодветните земји.
Македонија е мал пазар како и другите земји во регионот и за овие земји Microsoft ја нуди едицијата Dynamics NAV W1. Иако оваа едиција НЕ вклучува прилагодувања за специфичните законски барања на Македонија, стручниот тим на Логин Системи направи Македонска локализација која е во функција во повеќе фирми и организации во Македонија.
Превод на различни јазици
Преводот (анг. Translation) е процес на прилагодување на софтверот или документацијата за да се пресретнат јазични потреби на одредена земја. Основната верзија на Dynamics NAV работи на англиски јазик. Покрај англискиот јазик, корисникот може да инсталира и да го користи софтверот на германски, шпански, француски или друг јазик. Преводот на Dynamics NAV за Македонија е оставен да го прави овластен провајдер на решенија за Dynamics NAV во Македонија.
Логин Системи ја има преведено верзијата Dynamics NAV 2009 целосно на македонски јазик за Македонија, а делумно на албански јазик за потребите на корисниците во Албанија. Бидејќи самиот процес на преведување бара финански ресурси кои македонскиот пазар не може да ги покрие, поновите верзии вклучително и најновата верзија Dynamics NAV 2017, се преведени делумно само во деловите од македонската локализација, документите за продажба и магацините како и финансиските извештаи.
Изведба на македонската локализација
Секоја земја има свои прописи и правила за водење на сметководството, финансиите, магацинското работење и соодветните извештаи према службите во Управата за јавни приходи и други државни органи. Сите модули од NAV може да се користат во изворна форма во Македонија како што се финансии (со сметководство), набавки, продажба и маркетинг, човечки ресурси, водење проекти, производство, магацинско и материјално работење.
Логин Системи ја изведе македонската локализација повеќеслојно и со тоа се обезбедува да се задоволат различните потреби на корисниците независно од нивната големина. Локализацијата во Македонија е изведена во две групи: (1) задолжителна локализација и (2) локализација со надополнувања.
Задолжителната локализација ги има потребните компоненти и клучни подесувања во Dynamics NAV без кои не може да работи ниедна организација во Македонија. Најкарактеристични подесувања се црвеното сторно и ограничувањето на контата на страната на книжење. Пописот на производите ги дополнивме да работат по теркот на македонските деловни пракси. Стандардните извештаи за купувачи, добавувачи, магацини, заклучен лист и документите во секојдневното работење се прилагодени за Македонија.
Локализација и надополнувања на функционалности
Покрај задолжителната македонската локализација, Логин Системи разви дополнителни модули и функционалности за да го комплетира системот Dynamics NAV за потребите на македонските организации. Овие надополнувања го олеснуваат или забрзуваат работењето со NAV во сегменти како што се платите, договорите со вработени, компензација, ситен инвентар, службени патувања, каматни листи или малопродажба.
Архитектура на Логин Системи за локализација и надополнувања
Основното надополнување содржи изработка на камати, управување на благајна, плати, книжење на плати, договори за плати, книга на влезно излезни документи и даночна пријава, и завршна пресметка.
Стандардното надополнување ги вклучува надополнувањата од основното и содржи налог за книжење, компензација, финансиски извештаи, менаџерски извештаи и магацински извештаи со почетни состојби.
Напредното надополнување ги има надополнувањата од стандардното надополнување и вклучува службени патувања, ситен инвентар, договори за вработување, бар код систем за магацин со мобилни уреди, сервис и производство
Покрај горенаведените надополнувања, Логин Системи изработи надополнувања и прилагодувања кои може да се изберат по желба или потреба на корисниците. Такви надополнувања се малопродажбата, апликација за каса и поврзување со фискален принтер, приклучување на фискални каси и апликации, системи на дневно бекапирање и архивирање и Power BI.
Дали локализацијата е задолжителна?
Ако организацијата работи во Македонија и според македонските закони и прописи, дефинитивно без македонска локализација не е можно да се работи. Што да се избере? Во секој случај задолжителната локализација е "задолжителна". Надополнувањата не се задолжителни но во праксата се покажува дека се повеќе од неопходни.
Сите надополнувања и прилагодувања на Логин Системи обилно ги користат функционалностите на Dynamics NAV. Истите се добро испланирани, тестирани и природно интегрирани со основните функционалности на NAV.
Производи што се опфатени со македонската локализација се:
Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV.
Comments