top of page
LSLogoTransparentWOSlogan

Актуелни објави

MSD365BC.png

LSM Service Plus App: Проширување на Business Central за сервисни центри во Македонија

MSD365BC.png

Логин Системи објавува лансирање на LSM People App за Microsoft Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

LSM Retail App на Microsoft AppSource: Малопродажба за Business Central

MSD365BC.png

Македонската локализација за Microsoft Dynamics 365 Business Central сега е во живо на Microsoft AppSource!

блог

Инвестирање во нов ЕРП систем

Информативниот систем со решенија за деловното работење на организациите се нарекува ЕРП систем или само ЕРП. Градењето на ЕРП е...

пишува:

Angel Face

Автор

27.12.2021

Notebook and Fountain Pen

категории

Инвестирање во нов ЕРП систем

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Бизнис за нега на вода ја оптимизира продуктивноста на тимот за повисоки приходи со Dynamics 365 Business Central

LSM Service Plus App: Проширување на Business Central за сервисни центри во Македонија

Логин Системи објавува лансирање на LSM People App за Microsoft Dynamics 365 Business Central

LSM Retail App на Microsoft AppSource: Малопродажба за Business Central

Нови апликации на Логин Системи одобрени од Microsoft

Blue Marine Foundation заштедува време и пари со автоматски извештаи во Dynamics 365 Business Central

Andretti Indoor Karting & Games забрзува кон проширување со Business Central

Македонската локализација за Microsoft Dynamics 365 Business Central сега е во живо на Microsoft AppSource!

Бесплатна пресметка на плата за 2025 година, вклучува минат труд (стаж) и месечен ангажман

Македонска локализација, превод и подобрувања на Business Central - флексибилни аппови на Логин Системи

MakasIT.gif

Updated: Dec 27, 2021



Информативниот систем со решенија за деловното работење на организациите се нарекува ЕРП систем или само ЕРП. Градењето на ЕРП е поставување на повеќеслојни компоненти од опрема, уреди и услуги. Архитектурата прикажана на сликата подолу ги прикажува слоевите на ЕРП и тоа се инфраструктура, софтверски лиценци и услуги на Логин Системи.


Во зависност од богатството на опции на овие слоеви, се одредува и нивото на инвестиција за поставување на ЕРП решение во организацијата.

Инфраструктура. Централно место во инфраструктурата има серверот со системскиот софтвер кој е потребен за складирање на податоците од работењето на организацијата. Серверот може да биде поставен во самата организација или во “облак” кај некои од провајдерите во Македонија или странство.

Софтвер Dynamics NAV. Овој софтвер е клучниот за поставување на ЕРП системот во организацијата. Dynamics NAV е платформа која се користи во речиси 100.000 организации во светот и ги содржи сите неопходни елементи потребни за една организација како што е сметководството и финансиите, човечките ресурси, магацинското работење, продажбата (фактурирањето) и набавките, водењето проекти и сервис, и секако производството.

Македонска локализација. Секоја земја има свои прописи и правила за водење на сметководството, финансиите, магацинското работење и соодветните извештаи према службите во Управата за јавни приходи и други државни органи. Логин Системи ги разви сите неопходни работи поврзани со книжењето какви што се налози за книжење, црвено сторно и ограничување на страната на контата.

Надополнувања на функционалности. Покрај македонската локализација, Логин Системи разви дополнителни модули и функционалности за да го комплетира системот Dynamics NAV за потребите на македонските организации. Овие надополнувања го олеснуваат или забрзуваат работењето со NAV во сегменти како што се платите, договорите со вработени, компензација, ситен инвентар, службени патувања, каматни листи или малопродажба.

Услуги на имплементирање. За да може да се користи системот, потребно е да се изведат активности кои ќе ја поврзат инфраструктурата, Dynamics NAV, македонската локализација и надополнувањата во една целина. Исто така е задолжително да се стават почетните состојби на контатата, кај купувачите и добавувачите, статус на основните средства и ситниот инвентар, листата на вработени и залихите. Покрај ова, Логин Системи ги обликува најосновните документи на организацијата какви што се продажба фактура, набавна фактура, приемници, испратници и издатници.

Имплементирање на ЕРП системот вклучува услуги на планирање, дизајн, развој, поставување, документирање на изработката и обука на решението.

Прилагодување на потреби (кастомизација). Ако постои разлика помеѓу потребите на организацијата и функционалностите на Dynamics NAV заедно со надополнувањата на Логин Системи, се прави спецификација за дополнителни потреби кои е потребно да се изработат. Обично корисниците бараат да се интегрира ЕРП системот со други програми и системи како на пример софтвер за болничко работење, малопродажни објекти, мерни инструменти во производството и слично.

Миграција на историски податоци. За оние организации на кои им е потребно да ги имаат историските податоци заедно во новиот систем, Логин Системи подготвува алатки за мигрирање на податоците од стариот програм во Dynamics NAV.

Одржување. Под одржување спаѓаат сите исправки и корекции од страна на Microsoft за Dynamics NAV како и услугите на одржување на целосниот систем од страна на стручниот тим на Логин Системи. Договорот за одржување ги обезбедува корисниците дека ако се јави проблем од било која природа поврзана со Dynamics NAV, Логин Системи ќе почне да работи на решавање на проблемот во рок од еден работен ден. За различните барања на корисниците Логин Системи нуди различни нивои на сервисни услуги.

Пример со цени за ЕРП систем со Dynamics NAV

Во продолжение е наведен пример за мала организација од 5 до 25 вработени кое користи услуги на екстерно сметководство.

Оваа организација има потреба да користи ЕРП од 4 вработени: office manager (деловен секретар), магационер, маркетинг специјалист и продажен менаџер (или продажен асистент). Организацијата планира да врши водење на сметководство и финансии, да изработува плати, водење на магацин(и), набавки на производи, водење на опрема и ситен инвентар како и фактурирање. Организацијата исто така има потреба да води евиденција на контакти заедно со сите нивни взаемни комуницирања и да испраќа писма и емаилови до одредени сегменти на потенцијални купувачи.

За потребите на оваа организација, најсоодветен модел е рентањето на лиценците на месечна основа. Во примерот ќе претпоставиме дека инфраструктурата од сервери и компјутери е обезбедена.

Услугите што се вклучени при поставувањето на системот се следните:

  • Месечна претплата од 4 лиценци и дополнителни објекти за локализација

  • Македонска локализација

  • Надополнувања на Логин Системи

  • Основен пакет на одржување со бесплатни 10 часови

Во овој пример, услугите на дополнителна кастомизација и миграција на историските податоци не се вклучени, но вклучени се услугите на поставување на почетните состојби. Заедно со 4те лиценци за корисници, организацијата добива една лиценца за екстерното сметководство и за фирмата имплементатор Логин Системи.

Ако фирмата почне со имплементација од Март 2017та и самата имплементација трае два месеци, организацијата би требало да издвојува месечно износи како на сликата подолу …


Битно е да се истакне дека откако ќе помине една година, организацијата ќе издвојува само 349 евра. Додека трае имплементацијата и ратите има периоди кога организацијата ќе плаќа ранг на цени 600, 800, а само два месеци треба да плаќа околу 1000 евра. Во цените не е ставен ДДВ кој изнесува 5% и 18% за одредени ставки.

Важни карактеристики на овој модел е дека организацијата може да ги зголемува или намалува лиценците согласно потребите. Наведените цени за услуги се ориентирни и зависат најмногу од потребите на организацијата и од нивото на активности и операции што организацијата ги има. За конкретна понуда, организацијата е потребно да се обрати во Логин Системи.

Корисни линкови за дополнителни информации

Дополнителни информации за ЕРП може да добиете на линковите подолу:

Comments


Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page