top of page

Актуелни објави

MSD365BC.png

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

MSD365BC.png

What are the steps to upgrade/migrate from Navision or Dynamics NAV to Business Central

MSD365BC.png

Microsoft го сертифицира македонскиот превод на Логин Системи за Dynamics 365 Business Central

MSD365BC.png

Translation on Macedonian Language for Microsoft Dynamics 365 Business Central 2023 wave 2

press release

Иницијатива: PayPal за продажни места во Македонија

Направи корисно за себе и за македонската економија. Скопје, 21.06.2017. Денес, основачот и со-сопственик на Логин Системи, Венко...

пишува:

Angel Face

Автор

21.06.2017

Notebook and Fountain Pen

категории

Иницијатива: PayPal за продажни места во Македонија

300x250_Banner dyn365bc.jpg

Најнови објави

Постигнување дигитална трансформација и успех со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Одржано предавање за ЕРП и сметководството, КПУ обука за сметководителите во организација на ФВ

Видео: Одбележани 33 години од основање на Логин Системи со прослава на поранешните вработени

Печатење фискални сметки со Business Central Online и OnPremises

Business Central: Автоматско преземање на девизни курсеви од Народна банка на Македонија

Србија е десета земја во која Логин Системи инсталира или опслужува Business Central во приватниот сектор

Michelin поттикнува успех за своите мали бизниси со Microsoft Dynamics 365 Business Central

Nanoleaf станува попродуктивен за 33% со Dynamics 365 Business Central

Новост е: Карактеристики на продуктивност во веб-клиентот (2023 release wave 2)

Business Central: Интегрирано работење со Microsoft Outlook, Excel, and Teams

MakasIT.gif

Направи корисно за себе и за македонската економија.


Соопштенија за јавност, press release

Скопје, 21.06.2017. Денес, основачот и со-сопственик на Логин Системи, Венко Глигоров, заедно со дел од фесјбук и твитер заедницата покренаа иницијатива за воведување на PayPal како платежен сервис за продажните места во Македонија.

"Откако првичната сондажа покажа дека има прилично голем интерес и потреба за воведување на PayPal во Македонија, стартуваме денес со нејзината реализација" изјави Венко Глигоров. "Отворивме место за пријавување на заинтересираните физички и правни лица и после рокот за пријавување, ќе испратиме писмо до Министерството за финансии, со копија до вицепремиерот за економски систем, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и Народната банка на РМ."

Според официјалните лица во PayPal, пречката за воведување на Пејпал е што веќе подолго време нема "зелено светло" од главните банки во Македонија за воведување на сервисот. Во 2014та година, Македонија направи измени во регулативата за да се овозможи македонските граѓани да плаќаат во странство преку сметката во Пејпал. Сепак, остана незавршена можноста домашните претприемачи и вредни професионалци да отвораат свои продавници на Интернет и да ги продаваат своите производи и услуги.

"Изгледа многу побрзо воведуваме регулатива за да се купува или троши нешто односно да се прави увоз, отколку да се стимулира продажбата на македонските производи и да се прави поголем извоз." вели Венко Глигоров.

Зошто е Пејпал битен? Македонија увезува многу повеќе отколку што извезува и тој јаз се зголемува кај реалниот бизнис. Македонските фирми и претприемачи се мали и слаби да отвораат скапи маркетинг и продажни канали низ светот. За ваквите земји и економии од посебно значење е електронската трговија и можноста странските купувачи да може да плаќаат безбедно за македонските производи и услуги со безбедни платежни платформи каква што е PayPal. На сликата е прикажан процесот на купување преку електронска продавница и плаќање преку процесор за плаќање каков што е Пејпал.


Процес на купување, продавање и плаќање преку PayPal

Процес на купување, продавање и плаќање преку PayPal

Иако според дел од рангирањата во светот, Македонија е во средината или во погорниот дел од листите, што се однесува до Пејпал, Македонија се наоѓа во неславната група на ретки земји кои немаат Пејпал. Групата ја сочинуваат земјите Afghanistan, Pakistan, Bangladesh, Uzbekistan, Iran, Iraq, Lebanon, Libya, Liberia, Syria, Palestine, Belarus, Cameroon, Central African Republic, Kosovo, Ivory Coast, Republic of North Korea, Gabon, Ghana, Equatorial Guinea, Haiti, Macedonia, Monaco, Moldova, Myanmar, Montenegro, Nigeria, Paraguay, Saint Lucia, Sudan, Timor-Leste и Zimbabwe.

Со отворање на можноста за прием на уплати преку Пејпал, се отвораат нови хоризонти за продажба на македонските производи, а посебно на тие уникатните, во светот. Своја иднина ќе може да изградат бројни мали производители, уметници, луѓе од услужната дејност како и трандициналните компании во Македонија.

Пријавување за иницијативата се прави преку пополнување на формулар на страницата goo.gl/9G8qJa. Во самиот формулар, пополнувачот може да одреди дали сака да се најде на листата која ќе се достави до Министерството за финансии и другите надлежни министерства.

Рокот за пријавување е до 28ми Јуни 2017 до 14 часот. Иницијаторите ќе бараат поддршка и од стопанските комори како и од сите други деловни асоцијации и здруженија.


Login Systems, иницијатива пејпал

Од своето основање во 1991ва до денес, Логин Системи е општествено одговорна организација и покрај деловно-комерцијалните активности вклучува активности кои се корисни за економијата и пошироката општествена заедница.

 

Логин Системи е овластен провајдер на решенија и услуги базирани на Microsoft Dynamics NAV од 2002ра година до денес. Повеќе за Логин Системи има на адресата www.loginsystems.biz.

0 comments

Comments


LSFacebookWider.png
LSMessengerTransparent.png
LSWhatsAppTransparent.png
LSeMailTransparent.png
LSTwitter.png
LSLinkedInTransparent.png

Поврзани производи и услуги

Сметководство

 Прегледај го форумот за сметководство и финансии и учествувај во дискусиите на фелата.

Програм за плата

Ако сте поголема организација, модулот за пресметка на плата е интегрален дел на Dynamics NAV / 365 Business Central.

bottom of page