Службените патувања во организациите што имаат вработени кои вршат продажба по региони или одат на усовршувања во странство се предизвик за секоја компанија или јавна установа. Главните менаџери е потребно да одлучат за трошоците на службеното патување на вработениот или за себе, а сметководителите треба да ги документираат службените патувања заедно со сметките и соодветно да ги прокнижат во главната книга. Вработените што одат на службени патувања имаат потреба одлучувањето за патувањето да биде побрзо, а средствата што ќе ги добијат за аванс да можат да го покријат целото службено патување.
Microsoft Dynamics NAV е глобално ЕРП деловно решение за мали и средни организации кое нуди подобра контрола на финансиите и сметководството и ги поедноставува активностите во ланецот на набавки и продажби, производството и оперативните активности. Иако има можности да се водат службените патувања во NAV, Логин Системи изработи посебен модул за службените патувања кој работи интегрирано со NAV и е во согласност со македонските прописи и барања.
На концептуално ниво, работењето на модулот може да се опише во неколку реченици. Вработениот што треба да оди на патување прави Барање за службено патување во NAV и го испраќа по емаил или по систем до претпоставениот. Претпоставениот го одобрува барањето заедно со предвидените трошоци, а одговорниот во финансии му исплаќа аванс за патувањето. Откако ќе го изведе патувањето, вработениот прави извештај и ги внесува сметките (превоз, јадење, деловен ручек, хотел, награди, ...) во NAV. На крајот претпоставениот и/или сметководителот му го одобруваат патувањето и даваат налог за исплата на дополнителни средства или вработениот го враќа остатокот од авансот.
При книжењето на службеното патување, се ажурира Главната книга, благајната заедно со посебните каси за валути и делот за човечки ресурси (кадрова служба). Бидејќи податоците се интегрирани, менаџментот на организацијата може да добива извештаи и информации за обемот на службените патувања, да ги споредува трошоците во однос на неговите продажни учиноци, или да се споредуваат трошоците на вработените за едукација на годишно ниво. NAV е платформата која се користи како инпут за мерење на учиноците на организацијата, тимовите и поединците преку методологии каква што е Kaplan/Norton Balanced Scorecard.
Во наредниот блог ќе има подетални информации за модулот за Службени патувања.
###
Логин Системи е овластен имплементатор на решенија базирани на Dynamics NAV во Македонија. Ако имате софтвер за сметководство и деловни операции кои не ги задоволуваат вашите нараснати барања или не сте задоволни од целокупната услуга од вашиот провајдер на софтвер, Ве охрабруваме да разговарате со нас и да започнеме соработка на имплементирање и одржување на Dynamics NAV. Повеќе информации за можностите на Dynamics NAV 2017 и неговото лиценцирање може да се добијат од оригиналните документи на Microsoft што може да се преземат од страната www.loginsystems.biz/microsoft-dynamics-nav.
Comentários