Скопје, 14.06.2017. Логин Системи и Макас Инженеринг склучија договор за имплементирање на Microsoft Dynamics NAV 2017 во Макас Инженеринг за реализација на своето сметководствено и деловно работење.
Според договорот, Макас Инженеринг ќе го префрли своето сметководство на Dynamics NAV и ќе ги користи функционалностите за финансии и основни средства, плати, управување со релациите со купувачите (анг. CRM) и деловната интелигенција Power BI. Услугите може да се користат со компјутери но и со паметни телефони Android и iOS, како и преку веб интерфејс.
“Се одлучивме за Dynamics NAV и Логин Системи бидејќи ова решение ни овозможува да имаме платформа која ќе го поддржи нашиот напредок и раст во ИТ и телекомуникацискиот сектор”, изјави Марко Петровиќ, главен системски архитект во Макас Инженеринг.
Корисниците на хостинг и комуникациски услуги се суштината на работењето на Макас Инженеринг и со оваа платформа им се овозможува да имаат навремени и квалитетни извештаи, да опслужуваат повеќе корисници со постоечките ресурси на фирмата и да ги планираат идните активности.
Макас Инженеринг е првата фирма што го избра атрактивниот пакет за ERP услуги што неодамна е објавен на веб страната на Логин Системи.
Пакет за сметководство и CRM
Пакетот ERP овозможува да се искористуваат потенцијалите и стручноста на сите чинители кои работат како еден тим. Фирмата го користи Dynamics NAV и прави фактури, го полни со други податоци и изведува трансакции. Надворешниот сметководител повремено ги контролира деловните книги преку веб, а Логин Системи се грижи услугите да работат во секое време за корисникот.
Искористување на најдоброто од сите
"Ни се допадна и атрактивната понуда на принципот на месечна претплата со намалени цени”. завршува Марко Петровиќ.
Логин Системи продолжува со прилагодувањето на Dynamics NAV да биде атрактивен систем за деловно работење кај организациите со различна големина и потреби. Повеќе за пакетот што е предмет на договорот меѓу Логин Системи и Макас Инженеринг има на линкот тука.
Информации за Макас Инженеринг може да се најдат на веб страната www.makas.biz или на нивната фејсбук страна на линкот тука.
Почнувајќи од 2002ра година, Логин Системи поставува и одржува ERP решенија за успешни мали и средни фирми во Македонија и регионот. Стручниот тим на Логин Системи го прилагоди Dynamics NAV на македонските прописи и создаде ERP пакети за месечна претплата на Dynamics NAV и поврзаните услуги и консалтинг. Повеќе за Логин Системи има на www.loginsystems.biz.
Yorumlar